Кога вчерашниот ручек ќе стане појадок …
Ако сакате паста во најразлични варијанти, тогаш сигурно веќе знаете како можете да си ја дојадете кога ќе ви остане од ручек, но сепак, еве уште една идеја
Кога сте многу гладни па мислите дека можете да изедете и вол, тогаш и за само двајца луѓе веројатно ставате цела кеса макарони. И секако дека ќе ви останат и за следниот ден.
Односно, ако не сакате да фрлите ништо, а и би била вистинска штета да се фрли, тогаш едноставно остатокот ставете го во фрижидер до следниот ден, па дури и за ден потоа ако ви е премногу да јадете паста два дена по ред.
Секако, за ова тестенините треба да се само сварени.
Потоа, кога ќе огладните, земате парче путер, го ставате во тавче, а потоа внатре додавате лебни трошки (презли), ги пропржувате, ги додавате ладните макарони и малку сиренце и убаво промешувате.
Вчерашниот ручек ќе стане вкусен појадок. Направете си кафе и уживајте.