Процесот на слабеење за многумина е долг и тежок, а доколку сакате да го забрзате, наутро треба да консумирате јајца. Едноставно, здраво, вкусно и корисно
Јадењето јајца може да го поттикне слабеењето, особено ако се вклучат во диета со контролиран внес на калории.
Храната што ја консумираме е исклучително важна за одржување на нашето здравје. Исто така, постојат студии кои докажуваат дека внесувањето на одредена храна може да го забрза ослободувањето од вишокот килограми. Една од овие намирници е особено ефикасна доколку се консумира наутро, а станува збор за јајцата.
Истражувањата покажуваат дека јајцата ја стимулираат метаболичката активност и го зголемуваат чувството на ситост, а појадокот базиран на јајца може да спречи човек да се прејадува во текот на денот, односно да внесува вишок калории.
Диететичарите истакнуваат дека јајцата содржат големи количини на протеини и имаат многу малку калории. Тие можат да поттикнат губење на тежината ако се консумираат како дел од разновидна исхрана и се јадат без додадени масти или шеќер.