Зошто не е добро да пиете кафе кога сте болни?

Фото: Pexels
132

Иако топлите напитоци се сметаат за корисни во лекувањето на респираторните инфекции, како настинка и грип, не се сите подеднакво корисни, на пример, за многумина омилениот напиток – кафето.

Експертите имаат важно предупредување за сите кои пијат кафе кога се болни.

Имено, лекарите предупредуваат дека треба да бидете внимателни при конзумирање на кофеин бидејќи освен што предизвикува дехидрација, има и благо диуретично дејство, поради што не се препорачува доколку повраќате или имате дијареа.

Друга причина зошто не е добро да пиете кафе кога сте настинати е тоа што содржи кофеин кој ве држи будни, а кога сте болни, на вашето тело му треба што повеќе одмор, па кофеинот не се вклопува во равенката.

„Кофеинот е стимуланс и иако веројатно нема да има големо влијание врз било кој лек што можеби го земате, неговата стимулативна природа може да биде контрапродуктивна. Кога се соочувате со вирусна инфекција, навистина е важно да се одморите”, вели Сузан Хасиг, професорка по епидемиологија на Школата за јавно здравје во Њу Орлеанс.

Истата приказна важи и за енергетските пијалаци, кои често содржат повеќе кофеин од шолја кафе. Тоа доведува и до дехидрација, а кога сме болни, на телото му треба што повеќе течност. Хидратацијата може да биде загрижувачки фактор доколку болеста е сериозна, како што е на пример, потешката форма на грип, истакнува д-р Хасиг. Таа додава дека некои инфекции, како што е грипот, може да предизвикаат и гастроинтестинални симптоми.

„Во овие случаи препорачувам да ја прескокнете дури и утринската шолја кафе. Во спротивно, нема ништо лошо во шолја кафе, особено во првата половина од денот бидејќи може да ја спречи главоболката и да ни помогне да останеме мобилни“, вели др. Хасиг, но ја нагласува важноста на умереноста и доволно одмор. Таа смета дека одржувањето на добро ниво на хидратација во секое време е многу важно, особено за време на болест, а најпогодни за тоа се обичната вода, природните сокови и топлите билни чаеви и супи.