Пита со портокали или скратено, портокалопита

1.027

Од оваа пита со портокали, барем два дена кујната ќе ви мириса на портокали и на цимет.

Состојки:

750 г готови кори

6 јајца

220 г шеќер

250 мл масло

520 г грчки јогурт

рендана кора од 4 портокали

2 кесички прашок за пециво

За сирупот:

Рендана кора од 1 портокал

500 мл свежо исцеден сок од портокал

200 мл вода

250 г шеќер

1 ванилин шеќер

1 стапче цимет

Неколку кришки портокал

Приготвување:

Корите се сечат на ленти и се оставаат во тепсија на собна температура за да се исушат. Најдобро е да ги оставите да се сушат преку ноќ. Потоа, кога се исушени, треба да се искршат.

Прво се приготвува сирупот, такашто сите состојки се ставаат во тенџере на тивок оган. Кога смесата ќе зоврие, се остава да врие неколку минути, се трга настрана и се остава да се олади.

Сега изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете го јогуртот, маслото и прашокот за печиво. Во смесата додадете ја кората од портокал и ванилата. Во таа смеса постепено ставајте ги исечканите кори.

Смесата ставете ја во намрсен плех и се пече на 180 степени околу 35 минути, додека не зарумени. Извадете го колачот и оставете да се излади 15 минути, па со виљушка избоцкајте го и прелијте го со изладениот сируп. Оставете го убаво да го впие, па послужете.

Ако имате трпение почекајте до следниот ден. Тогаш колачот ќе биде уште посочен.