Кога немате вага, а потребна ви е точната количина за одреден рецепт, сигурно често го мерите брашното во лажици или во чаши. Но дали знаете колку грама брашно има во една полна, а колку во една рамна лажица брашно или колку грама брашно има во шолја од 200 и во шолја од 250 мл?
Брашното може да се мери и ако немате вага. Често се мери во лажици, чаши и слично, но дали сте сигурни дека ја знаете вистинската мерка, односно колку грама брашно има во една полна, а колку во една рамна лажица брашно или колку грама брашно има во шолја од 200 и во шолја од 250 мл?
Како да го измериме брашното со помош на лажици и чаши или шолји.
Бидејќи во минатото немало ваги или не се користеле, многу рецепти се пишувание во лажици или чаши. Сепак, во последно време, многу рецепти се во грамови.
Што ако во рецептот се наведени мерките во грамови, а вие немате вага при рака? Не мора да се откажете од готвењето, туку можете да користите алтернативни мерења на брашното во чаши или во лажици.
Во продолжение ви претставуваме:
мерење брашно во лажици
мерење брашно во чаши и шолји
Брашно во лажици
Брашно на лажици е многу едноставен и практичен начин за мерење на брашното. Може да се додаде директно во друг сад со состојки, а нема дополнителни чекори помеѓу.
Како да се измери брашното во лажици?
Постојат два вообичаени начини за мерење на брашното со лажица. Лажиците може да се преполнат со брашно или брашното да биде рамно во лажицата. Затоа, при мерењето на брашното, важно е да се направи разлика помеѓу овие два начини.
Една голема супена лажица полна со брашно има 25 грама брашно.
Една голема, но рамна лажица брашно има 8 грама брашно.
Значи, додека 25 грама брашно се мерат со 1 преполна лажица брашно, 250 грама брашно се 10 преполни лажици брашно, а 500 грама брашно се 20 преполни лажици брашно.
Колку е прецизно ова мерење?
Мерењето брашно во лажици може да биде непрецизно бидејќи се разликуваат големините на лажиците, но, по правило, отстапувањата не се големи. Предноста е што брашното може директно да се додаде на останатите состојки, нема мерење, ниту употреба на друг сад помеѓу тој во кој месиме и кесичката со брашно. Ова може да го забрза процесот на готвење и е навистина едноставно.
Како да се измери брашно во чаши или шолји?
Колку грама брашно има во една шолја зависи од големината на чашата или шолјата.
Рецептите обично се однесуваат на една чаша или шолја брашно од 200 мл, што би било околу 130 грама брашно. Значи:
200 мл чаша = 130 грама брашно
250 мл чаша = 150 грама брашно
175 мл шолја = 110 грама брашно
Половина килограм брашно, односно, 500 грама брашно се мерат со 3 големи чаши (од 250 мл) + 1/3 од голема чаша (од 250 мл).
Или, половина килограм брашно се 4 стандардни чаши (од 200 мл) + 1/4 од стандардна чаша (од 200 мл).
450 грама брашно се 3 чаши брашно (од 250 мл)