Сезона е на варениот џин, а ние имаме одличен и брз рецепт

Фото: Freepik
296

Овој вкусен и ароматичен пијалак е совршен за претпразнични собири, а доброто е што можете брзо да го подготвите и дома

Ладни и кратки денови, топлината на домот, празници и – варен џин. Доколку сте љубител на џин и тоник, еден од најпопуларните летни пијалаци, ова сценарио сигурно ќе ви се допадне. И покрај тоа што вареното вино има свој шарм и е достапно на секој чекор, можеби деновиве наместо тоа ќе сакате топол џин.

Неговите ароми се неодоливи, а добрата вест е што можете да го подготвите дома за само петнаесет минути. Подготовката на варен џин е едноставна. Ќе ви требаат само неколку состојки, а сите што ќе го пробаат, ќе бидат воодушевени.

Состојки:
1 литар џин
300 грама шеќер (сепак можеби треба да намалите со шеќерот)
1 стапче цимет
5 цели каранфилчиња
1 лажица екстракт од ванила

Приготвување:

Во тенџере истурете 200 мл џин и додадете го шеќерот. Загревајте полека за да се раствори шеќерот, а потоа варете без мешање околу две минути. Истурете во голем сад. Додадете го преостанатиот џин, циметот, каранфилчето и ванилата и ако имате кардамон. Оставете да се излади, па покријте.

Процедете и наточете во чашите за пиење. Ако сакате, додадете повеќе зачини за џин. Слободно зачувајте го – не мора да го испиете сето тоа во една вечер.