Готово за 5 минути: Најдобар трик за тесто за пица без чекање

Фото: Pexels
406

Направете брзо тесто од јогурт, брашно и прашок за пециво и уживајте во пицата која за помалку од половина час пристигнува на масата…

Не мора да чекате тестото за пица да нарасне на топло место, па дури и да користите квасец. Кога сте гладни и ви треба покус пат, доволно е да употребите јогурт, брашно и прашок за пециво. Додадете околу 3,5 чаши брашно во 2 цврсти јогурти. Како мерка нека послужи една чаша јогурт.

Откако ќе се замеси тестото, готово е за печење.

Состојки за бесквасно тесто за пица:
2 цврсти јогурти
3,5 чаши брашно
1 прашок за пециво
сол

Фил за пица:
100 гр моцарела
150 гр шунка
40 гр рикота
маслинки
оригано
150 гр пелати
1 лажичка концентрат од домати
2 чешниња лук
сол

Приготвување:

Брашното се просејува и се додава прашокот за пециво и солта, па се замесува тесто со јогуртот.

Расукајте го тестото и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Во тавата пропржете лук додека не замириса, додадете ги пелатите и динстајте додека малку да се редуцира, па додадете го концентратот од домати и ориганото.

Намачкајте го тестото со сос од домати, додадете ја шунката, маслинките и сечканата моцарела и печете ја пицата 20 минути на 200 °C.

Секако, можете да ја изоставите шунката или да си направите фил по ваш вкус.