Намирници кои се достојна замена за пробиотиците купени во продавница

Фото: Pexels
479

Урамнотежената цревна микрофлора е неопходна за здравјето и виталноста, а некои лесно достапни намирници помагаат во нејзино одржување.

Таканаречените добри бактерии или пробиотици во цревата ја обработуваат храната, ги потиснуваат штетните видови бактерии и вируси, но и ги разградуваат токсичните материи.

Поради неправилна исхрана, стрес, лекови (особено антибиотици) и нездрави навики како пушење и прекумерно консумирање алкохол, често се нарушува рамнотежата на цревната микрофлора.

Нерамнотежа значи дека има премногу лоши и премалку добри бактерии во цревата. Последиците може да вклучуваат дигестивни проблеми, алергии, проблеми со менталното здравје, дебелина. Се смета дека здравствените придобивки од пробиотиците доаѓаат од нивната способност да ја обноват природната рамнотежа на цревните бактерии.

Пробиотиците треба да се земаат најмалку пет пати неделно за да се одржи нивниот ефект врз цревната микрофлора

Со целната исхрана, можете да ја доведете вашата цревна микрофлора во рамнотежа.

Јогурт
Овој млечен производ е секако најпознат извор на пробиотици за пошироката јавност.

Истражувањата покажаа дека пробиотиците дури и помагаат во ублажување на симптомите на нетолеранција на лактоза. Исто така, помагаат при проблеми со гасови, дијареа и други заболувања на дигестивниот систем.

Ако навистина сакате, можете да платите повеќе за јогурт кој ги содржи точно соодветните пробиотици, но доволно е да консумирате производ на кој пишува дека содржи „активни бактериски култури“.

Кисела зелка
Киселата зелка или сировата зелка е богата со витамин Ц, како и со пробиотици, без кои нашето варење би престанало да функционира. Исхрана богата со кисела зелка им се препорачува на луѓето кои страдаат од гастроинтестинални проблеми и не можат да ги сварат млечните производи, како што е јогуртот.

Кефир
Според легендата, овчарите на планините Кавказ, кои ја делат Југоисточна Европа од Азија, откриле дека млекото што го носеле со себе ферментирало во пенлив пијалок. Дебел, кремаст и густ, но сличен на јогуртот, кефирот содржи уникатни соеви на пробиотски бактерии, како и неколку корисни видови на квасец.

Леб со кисело тесто
Следниот пат кога ќе подготвите сендвич, обрнете внимание на типот на леб што ќе го изберете. Имено, лебот со кисело тесто содржи пробиотик кој го олеснува варењето.

Краставици
Краставиците и корнишоните се неоправдано малку препознатлив извор на пробиотици и природни бактерии со млечна киселина.Кога купувате кисели краставички задолжително одберете помал производител на храна, по можност од органско производство.

Сирење
Козјото, овчо млеко и меките кравји сирења се особено богати со пробиотски бактерии. Секогаш купувајте сурови и непастеризирани сирења ако сакате да добиете најмногу пробиотици, бидејќи на пастеризираните и преработените видови им недостасуваат корисни бактерии.

Разликата помеѓу пробиотиците и пребиотиците
Додека храната богата со пробиотици содржи живи култури, пребиотската храна ги храни добрите бактерии кои веќе живеат во цревата. Аспарагусот, артишокот, бананите, овесната каша, црвеното вино и медот се одлични извори на пребиотици.