Оваа торта е една од оние кои се полесни за правење, дури и ако сте почетник во кујната. Убаво е тоа што може да се направи со кое било свежо или замрзнато овошје
Состојки за тестото:
2 јајца (на собна температура)
2 шолји брашно (од 250 г)
1 шолја јогурт
150-180 г шеќер (по вкус)
1/2 шолја зејтин
1 прашок за пециво
Состојки за филот:
1 л млеко
4 лажици шеќер
2 пудинга од ванила
100 г путер
700 г овошје по избор
Приготвување:
Се матат јајцата и шеќерот околу 10 минути. Потоа се додаваат другите состојки, но не се мешаат со миксер, туку со дрвена лажица. Тестото се истура во подмачкан калап од 26 цм и се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.
Додека се пече тестото се прави филот. Се вари пудингот по рецептот на кесичката и кога се излади малку, се додава путерот.
Кога е тестото печено и изладено, се сече со конец или со остар нож, на пола. Се филува со пудингот и се става овошје по избор. Се преклопува и одозгора се става остатокот од филот и овошјето.