Рецепт за фин мајонез без јајца кој ќе биде готов за помалку од 10 минути (ВИДЕО)

Фото: Pexels
1.702

Мајонезот е одличен додаток на многу јадења. Може да биде одличен додаток за разни салати, со пржени компирчиња или неодолива состојка во добар сендвич.

Многумина избегнуваат да подготвуваат храна од сирови јајца или пак се вегани, но, тоа не мора да ги спречува да уживаат во добар мајонез.

Ви пренесуваме рецепт за вегански мајонез од YouTube каналот Good Eatings кој не содржи јајца, додека млекото од соја во комбинација со сончогледово масло му дава фина текстура.

Состојки за вегански мајонез:
120 мл растителен напиток од соја
180 до 240 мл сончогледово масло
1 и пол лажица јаболков оцет
½ лажица јаворов сируп или мед
прстофат сол

Приготвување на вегански мајонез:

Ставете млеко од соја, јаболков оцет, мед и сол во длабок сад. Добро измешајте ги сите состојки.
Земете миксер со стапчиња и почнете да ја мешате смесата со постепено додавање на сончогледовото масло.
Може да направите мајонез и во класичен блендер.
Повеќе масло ќе ви даде погуст и кремаст мајонез. Сами одлучувате дали во овој фин сос ќе додадете повеќе или помалку масло по сопствен вкус.
Имајте на ум дека мајонезот ќе се згусне во фрижидер, па соодветно приспособете ја конечната одлука за употребата на маслото.
Кога ќе добиете мајонез со соодветна текстура, префрлете го во тегла и ставете го во фрижидер најмалку 15 минути пред употреба.
Вака подготвениот мајонез може да трае до 2 недели во фрижидер.

Проверете го овој брз процес на правење мајонез во видеото на Good Eating подолу.