Пудинг од гриз со тиква
Овој десерт не е некоја голема филозофија, ама е брз, здрав и вкусен десерт кој можете да им го понудите и на децата и на возрасните
Кога сакате нешто слатко кое нема да е полно со шеќери и нездрави додатоци, направете домашен пудинг од гриз со тиква.
Наместо шеќер ставете мед или некој друг засладувач како на пример, сируп од агава или јаворов сируп и уживајте во вкусниот десерт.
Состојки:
Зависи од тоа колкава количина правите, прилагодете ги состојките.
Ви треба тиква која можете да ја варите во вода во која ќе додадете и стапче цимет и неколку каранфилчиња.
Ви требаат неколку лажици гриз.
Растително млеко од бадем или од ориз.
Мед или друг засладувач наместо шеќер (на пример, сируп од агава или јаворов сируп)
Јаткасти плодови, семки од тиква и црно чоколадо.
Ние за сите 4 порции искористивме само една коцка чоколадо со 99% проценти какао.
Сварете ја тиквата со зачините и испасирајте ја.
Во водата во која се варела тиквата, сварете го гризот, додека не се направи како пудинг.
Додадете го и пирето од тиква и префрлете во чинии или во чаши за пудинг. Наросете со чоколадо, оревчиња и семки по ваш избор.
Оставете го малку да се излади и уживајте во здравиот и вкусен десерт.