Рецептот за лепчиња со гриз за кои не треба да палите рерна ни доаѓа од Јутјуб каналот Efsana Tarifler. Вкусно, меко, сочно, едноставно неодоливо, а подготовката е многу едноставна. Ќе бидете воодушевени!
Можеби најдоброто во приготвувањето на овие лепчиња е тоа што не мора да ја вклучувате рерната. Доволно е да ставите на ринглата едно тавче со капак и да го испробате рецептот
Состојки:
2 чаши топла вода (400 мл)
1 кесичка сув квасец
1 лажица шеќер (20 грама)
1 лажица масло (20 грама)
1 лажичка сол (10 грама)
1 чаша гриз (120 грама)
4 чаши брашно (480 грама)
Приготвување:
Во длабок сад ставете 2 чаши топла вода, додадете квасец, 1 лажица шеќер и измешајте.
Додадете 1 лажица масло, 1 шолја гриз и измешајте уште малку.
Потоа додадете 4 чаши брашно, 1 лажичка сол и замесете мазно тесто.
Оставете го да одмори еден час.
Премесете го тестото, подмачкајте ја работната површина за да не се залепи па исечете го на два дела, формирајте топчиња и намрсете ги.
На работната површина поросете малку гриз и расукајте го тестото, формирајќи лепчиња.
Потоа префрлете го намрсеното тесто во тавата, покријте го и оставете го да одмори уште 15-20 минути.
Пржете го од секоја страна додека не добие убава златно-кафеава боја.
Оставете да се излади и послужете топло.