Зошто е добро да се земе мед пред спиење?

Фото: Pexels
180

За оние кои често се будат навечер, медот пред спиење е добра опција за телото да остане опуштено во текот на ноќта.

Медот е одличен антиоксидант, што значи дека неговото редовно консумирање може да го исчисти вашето тело од разни токсини, па затоа е добро да го земате пред спиење.
Неговите антибактериски својства значително ќе ја подобрат состојбата на вашата кожа, но и ќе ви помогнат да спиете подобро.

Ако внимавате на вашата тежина, се препорачува да ги исклучите сите слатки на база на шеќер, но не и медот. Тоа е затоа што шеќерот присутен во медот има различен состав од оној што се наоѓа во другите засладувачи. Медот го забрзува метаболизмот, што е од суштинско значење за слабеење.

Медот воопшто нема холестерол. Сосема спротивно: неговите составни компоненти и витамини придонесуваат за намалување на нивото на холестерол. Секојдневната консумација на мед поволно влијае на нивото на антиоксидантните соединенија во организмот кои можат да се борат против вишокот холестерол.

Други студии ја покажуваат способноста на медот да се бори против стресот, да го обнови антиоксидантниот одбранбен систем на клетката и, како резултат на тоа, да ја подобри меморијата. Покрај тоа, калциумот кој се наоѓа во медот лесно се апсорбира од мозокот, што поволно влијае на неговото функционирање.

Шеќерот содржан во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта, кој потоа ослободува серотонин. Серотонинот дополнително се трансформира во мелатонин, хормон кој промовира квалитетен сон.

Медот содржи триптофан. Оваа хранлива материја е една од неопходните за нашето тело. Триптофанот е дел од структурата на два хормони – мелатонин, кој го поддржува нормалниот сон и серотонин, кој го балансира нивото на анксиозност.
За оние кои често се будат навечер, земањето лажичка мед пред спиење е добра опција за телото да остане опуштено во текот на ноќта.

Ова можеби звучи чудно, но факт е факт. Медот помага да се смират нервите и да се ублажи заморот. Гликозата што ја содржи медот е неопходна за функционирање на невроните. Брзо се апсорбира во крвта, што придонесува за релаксација и олеснување на менталните нарушувања.