Станува поопасно од тутунот: Преработената храна може да предизвика зависност како цигарите и дрогата

Фото: Unsplash
92

Лошата исхрана го надмина тутунот како водечка причина за смрт на глобално ниво, а лоша исхрана значи ултра-преработена храна. Иако не предизвикува зависност на ист начин како алкохолот или хероинот, преработената храна дејствува слично на начинот на кој кокаинот делува на мозокот и може да создаде еден вид психолошка зависност, вели д-р Крис ван Тулекен, автор и вонреден професор од Англија.

Д-р Крис ван Тулекен неодамна презентирал кутија засладени житарки пред Комитетот за храна, исхрана и дебелина во Домот на лордовите, Велика Британија, истакнувајќи ја потребата од забрана за рекламирање на штетната брза храна, вклучително и таквите житарки. Говорејќи како експерт, тој предупредил на сериозните здравствени проблеми предизвикани од нездравата храна, особено кај децата.

Според него, прехранбената индустрија често се однесува слично како тутунската индустрија, продавајќи производи кои можат да бидат штетни и да создадат зависност. Во својата книга „Ultra-processed People: Why Do We Eat Stuff That Isn’t Food And Why Can’t We Stop” (Ултра процесирани луѓе: Зошто јадеме работи што не се храна и зошто не можеме да престанеме), тој го истражува влијанието на нездравата храна врз здравјето, истакнувајќи ја врската помеѓу консумирањето таква храна и сериозните здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања и рак, пишува Дејли Мејл.

Д-р Крис ван Тулекен тврди дека преработената храна, иако не предизвикува зависност на ист начин како алкохолот, кокаинот или хероинот, може да создаде желба слична на зависност и да не поттикне постојано да бараме „награда“. Прехранбената индустрија ја користи нашата неврологија за да ја зголеми привлечноста на нивните производи, често таргетирајќи ги децата и семејствата.

„Лошата исхрана го надмина тутунот како водечка причина за смрт на глобално ниво, а лоша исхрана значи ултра-преработена храна. Иако не предизвикува зависност на ист начин како алкохолот или хероинот, преработената храна често е внимателно направена за да ги осветли нашите патишта за наградување. Ова е слично на начинот на кој кокаинот делува на мозокот и може да создаде силна желба да се бара „наградата“ одново и одново – еден вид психолошка зависност. Сум го видел ова многу пати“, вели ван Тулекен.
Иако авторот признава дека и самиот повремено ужива во слатките житарки, тој ја нагласува важноста на здравата исхрана и редовнаta физичка активност. Предупредува на штетното влијание на ултра преработената храна, особено на менталното здравје и ја нагласува потребата од едукација и свесност за здравите навики во исхраната.

„Но, тие се ретко задоволство, можеби најмногу еднаш месечно. Во меѓувреме се хранам здраво и редовно вежбам. Јадам многу зеленчук и овошје, јадам само посно месо како пилешко и риба и избегнувам преработена храна. Oд време на време, мислам дека е во ред да се опуштите. Сепак, не сум монах!“, заклучил тој на крајот.