Нaпиток од цвекло: Природен сок кој му дава на телото супермоќ и ја штити тироидната жлезда
Со редовно дневно консумирање на половина литар сок од цвекло, истакнуваат експертите, нивото на нитрати во плазмата се удвојува, што влијае на издржливоста на мускулите, додека крвниот притисок значително опаѓа.
Цвеклото е добро познат лек за анемија, детоксикација на организмот и зајакнување на имунитетот. Но, оваа суперхрана е исклучително популарна меѓу спортистите бидејќи ја зголемува издржливоста за време на вежбањето и има ефект на природен допинг.
За лесно да ги надминете физичките напори за време на тренингот или да истрчате круг околу игралиштето без да останете без воздух во белите дробови, доволно е да го почестите вашето тело со моќен сок од намирницата која со голем стил се враќа на сцената на најздравите.
Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста за време на вежбањето и зголемениот физички напор благодарение на нитратите, азотни соединенија кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при физички напор. Покрај тоа, тој е одличен за штитната жлезда бидејќи помага во нејзината работа.
Со редовно дневно консумирање на половина литар сок од цвекло, истакнуваат експертите, нивото на нитрати во плазмата се удвојува, што влијае на издржливоста на мускулите, додека крвниот притисок значително опаѓа.
Напиток од цвекло – состојки:
1 кг цвекло
1 голема лажица мед
сок од еден лимон
Приготвување:
Цвеклото излупете го и ситно изрендајте го во сад, додадете мед и сок од лимон, кои ќе го омекнат цвеклото и ќе го неутрализираат неговиот земјен вкус.
Оставете ја смесата да отстои три часа и потоа притиснете ја низ густо сито, силно гмечејќи за да излезе што повеќе сок и што повеќе влакна од цвеклото.
Свежиот сок испијте го наутро, на гладно.