Природни лекови за болно грло

Фото: Pexels
227

Ако ве боли грло, испробајте ги овие природни лекови кои сигурно ќе ви ја олеснат болката и ќе ви помогнат побрзо да ви помине.

Ако периодов имате болки во грлото или пак често страдате од нив, ви предлагаме неколку природни лекови кои ќе ви помогнат да го залечите грлото.

Да, болката во грлото може да се излечи со одредена храна. Веднаш штом ќе почнете да чувствувате иритација во грлото, треба да почнете да јадете некои намирници за да го излекувате болното грло.

Одредени состојки отсекогаш се користеле за лекување на болки во грлото. Во продолжение погледнете кои 8 намирници прават чуда кога станува збор за овој проблем.

Врела пилешка супа

Ако сте настинати, лекарскиот рецепт ќе вклучува и врела пилешка супа.Топлината на супата е многу добра за грлото.

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите пијалаци за грлото. Сварете го ѓумбирот во вода и освежете го грлото за неколку минути.

Јогурт за грло

Јогуртот е генерално добра храна за грип. Ако го консумирате кога е на собна температура ќе ви помогне да го залечите грлото.

Мед и лимон

Агрумите имаат антивирусни својства. Така, можете да додадете малку мед во сокот од лимон, да го загреете и да го испиете.

Жалфија за болно грло

Жалфијата е растение познато по своите лековити својства. Можете да го додадете во вашите супи, салати или пијалаци, доколку ве боли грлото. Често го користиме чајот од жалфија за зајакнување на организмот и борба против разни тегоби бидејќи има многу лековити својства.

Освен чај, жалфијата може да ви помогне и како дел од растворот за гаргара.

Помешајте една лажичка сува жалфија, две лажички кафеав шеќер, три лажички јаболков или вински оцет и 0,5 дцл вода и гаргарајте неколку пати на ден, без голтање.

Топол овес со банана

Овесот во комбинација со банана ќе ви помогне доколку сте настинати. Овие намирници ќе ви помогнат и да ја излечите болката во грлото.

Црн пипер за грло

Пиперот е можеби најпријатниот зачин за употреба кога сте настинати, но секако е еден од најдобрите лекови за настинка.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет се користи како лек за болки во грлото уште од многу одамна. Можете да го користите во вашата салата или да се напиете една лажица од него.

Сода бикарбона како лек за болки во грлото
Гаргара со сода бикарбона измешана со солена вода може да ги ублажи симптомите на болки во грлото. Експертите советуваат да се гаргара комбинација од 1 чаша топла вода, 1/4 лажичка сода бикарбона и 1/8 лажичка сол. Се препорачува да се користи на секои три часа по потреба.

Топло облоги на грлото

Направете чај од суви цветови од камилица и натопете чиста крпа во него додека е уште жежок. Кога чајот малку ќе се олади, добро исцедете ја крпата, завиткајте ја по должина и завиткајте ја околу вратот. Кога облогот ќе се олади, повторно загрејте го чајот и повторете ја постапката.