Пита од боровинки

148

Колачот можете да го направите толку брзо што ќе стасате да го ставите во рерна дури и пред гостите да зебележат дека ве нема

Овој колач е најубав кога ќе се послужи веднаш откако малку ќе се олади, па затоа е најдобро да не го правите пред да дојдат гостите, туку да ги оставите да се забавуваат сами 10 минути, колку што ќе ви треба за да го ставите на печење.

Ете така направи и нашата домаќинка Симонида која стаса дури и да го декорира со цвеќенца од својата градина.

Состојки:

1/2 шолја несолен путер
1 шолја брашно
1 1/2 лажичка прашок за пециво
1 лажичка мелена сушена лаванда
1/2 лажичка сол
1 шолја полномасно млеко
1 шолја шеќер плус 1 лажица
Сок и кора од 1 лимон
1 истругана мешунка ванила
2 шолји боровинки (или друго шумско овошје)
Сладолед од ванила за сервирање, по желба

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете го путерот во тава од леано железо од околу 25 сантиметри и префрлете ја во загреаната рерна да се стопи.
Во меѓувреме, во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, лавандата и солта. Измешајте ги млекото, шеќерот, сокот и кората од лимон и ванилата да се соединат.

Во друг сад измешајте ја преостанатата лажица шеќер и боровинките. Извадете ја топлата тава со стопениот путер од рерната и истурете го тестото. Одозгора ставете ги зашеќерените боровинки. Печете додека не порумени и додека тестото не нарасне и околу овошјето, околу 30 минути.
Оставете малку да се излади и послужете со сладолед од ванила.