Сок од лимон, кардамом и куркума

Фото: Freepik
104

Научете како да го правите и кога да го пиете овој одличен сок од лимон со куркума и кардамом кој покажал и одлични резултати како природен лек кој ќе помогне во борбата против депресијата.

Освен што се вкусни и освежителни во летниот период, овошните сокови имаат три важни ефекти врз нашето тело: ја прочистуваат крвта, носат нови освежувачки супстанции кои го обновуваат организмот и поттикнуваат одделни органи да функционираат подобро.

Природните сокови од овошје и зеленчук, но и од лековити билки, секако се препорачливи и освежителни во текот на целата година и, најважно, ако се подготват и ако се консумираат правилно, тие се и лековити.

Научете како да го правите и кога да го пиете овој одличен сок од лимон со куркума и кардамом кој покажал и одлични резултати како природен лек кој ќе помогне во борбата против депресијата.

Впрочем, кој видел фајде од лековите против депресија, барем не од оние кои си ги земаме како да се бонбончиња, на пример, хелекс, диазепамчиња, лексилиумчиња и слични.

Не може да ни наштети ако се обидеме со некои природни лекови.

Куркумата се покажа како моќно орудије кое се бори против повеќето болести.

Помага во превенција од развој и трансформација на канцерогените клетки, при Алцхајмерова болест и во борба против рак на кожа, го намалува ЛДЛ холестеролот, се користи кај нарушувања на желудникот, артритис, заболувања на црниот дроб, хепатитис, итн.

Како да ја користите за оваа намена?

Постојат многу ајурведски методи, суплементи и  лекови за борба против депресијата. Истражувањата откриле дека активната состојка куркумин, која е присутна во коренот на растението, е ефикасна против големо депресивно нарушување, на ист начин како и најмоќните лекови.

Но, за разлика од нив, куркумата не предизвикува никакви несакани ефекти.

Рецепт за лимонада со куркума и кардамом

Состојки:

4 чаши филтрирана вода 

2 лажички свежа рендана куркума или куркума во прав и исто толку кардамом

4 лажички јаворов сируп, мед или стевија

Сок од 1 ½ лимон или портокал

Прстофат црн пипер

Измешајте ги сите состојки и послужете ги со парче лимон. Пијте го еднаш дневно, но без мраз.

Уште една придобивка од лимонадата е и онаа за црниот дроб.

Цедете два или три лимони во 1 литар вода секој ден и пијте го разредениот сок пред или после јадење.

Секако, додадете и 1 лажичка кардамом.

Ако имате заболен црн дроб или страдате од ревматизам, можете да ја удвоите количината на сок.