Не се нарекува залудно „хранлив“ квасец. Тој е богат со бројни хранливи материи како што се фолати, калиум, протеини и влакна.
Можеби сте забележале дека во списокот со состојки во рецептите сѐ почесто се појавува нутритивниот квасец.
Дали знаете што е тоа нутритивен или хранлив квасец?
Како што можеби претпоставувате, хранливиот квасец е еден вид квасец!
Тоа е всушност неактивна форма на квасец, направен од шеќерна трска или репка и меласа.
Не расте како активните соеви како што се пекарскиот или пивскиот квасец.
Се произведува со ферментирање на еден вид гликоза, пред да се преработи за употреба во храната.
Достапен е во неколку различни форми, како прав, снегулки и гранули.
Има жолта боја и има вкус кој е сличен на сирењето.
Здравствени придобивки
Не се нарекува залудно „хранлив“ квасец.
Тој е богат со бројни хранливи материи како што се фолати, калиум, протеини и влакна.
Содржи големи количини на витамини од групата Б, благодарение на кои позитивно делува на нервниот систем и на организмот му ја обезбедува потребната енергија.
Не содржи глутен и е богат со цинк и селен.
Има малку сол, а при неговото производство не се користат вештачки ароми.
Го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува нивото на лошиот холестерол, а бидејќи содржи и пробиотици, позитивно влијае на варењето.
Како се користи?
Постојат многу различни начини да се додаде хранлив квасец во храната.
Еве неколку предлози:
Поросете малку хранлив квасец на тостот со авокадо.
Тој е добра замена за пармезанот, па можете да го прелиете врз храната.
Додадете прстофат хранлив квасец во салатите.
Користете го како зачин за јадења со житни култури.
Може да биде добра замена за сирењето.
Можете да го додадете и при подготовка на различни интегрални пецива.
А може да биде состојка и во вашиот сиров вегански чоколаден чизкејк
Состојки:
230 гр сирови индиски ореви
2 лажици хранлив квасец (може да го најдете во која било добро снабдена продавница за здрава храна)
40 г какао
150 мл кокосово масло
60 мл јаворов сируп
замрзнато шумско овошје (количина по желба)
За основата:
200 гр бадеми
160 гр бразилски ореви
½ лажичка екстракт од ванила
150 гр урми
80 мл кокосово масло
Приготвување:
Индиските ореви потопете ги во вода 30 минути и за тоа време подгответе ја основата за колачот. Во блендер се ставаат бадемите и бразилските ореви, па се додаваат урмите, кокосовото масло и екстрактот од ванила и се блендира додека не се добие смеса со мазна структура.
Истурете ја смесата во калап за колач, во кој претходно сте ставиле хартија за печење, па ставете ја во замрзнувач да се стегне смесата.
После тоа, во блендерот ставете ги натопените индиски ореви, хранливиот квасец, органското какао, кокосовото масло и јаворовиот сируп и матете додека смесата не стане мазна и компактна. Основата од фрижидер прелијте ја со другата, чоколадна смеса и сѐ заедно вратете во замрзнувач и оставете ја 4-6 часа да се стегне.
Украсете го колачот со бобинки.