Уште едно растително млеко ги освојува нашите срца, вкусно е и кремасто, а се прави неверојатно лесно. Фантастично е за секој кој поради некоја причина не може или не сака да пие животинско млеко, а добар е и за подготовка на други јадења.
Таканаречените билни млека или пијалаци направени од различни семиња и плодови на растенија станаа сè попопуларни низ светот.
Овие млека служат како освежителни пијалаци, но и го зајакнуваат организмот.
Млеката од растително потекло се алтернатива на кравјото млеко и се многу важни за луѓето кои имаат нетолеранција на лактоза или млечен шеќер, како и за веганите.
Овие млека имаат богат нутритивен состав, може да се користат за подготовка на оброци и други пијалаци и отвораат повеќе можности за луѓето кои се на посебен режим на исхрана.
Тие се прават од најразлични семки, а најпознати се кокосовото, бадемовото, млекото од соја, овес, просо, а во моментов е популарно црното млеко, односно, млекото од црн сусам, кое не е толку популарно како белото, а содржи повеќе железо, калциум, магнезиум, цинк, бакар, витамини Б и Е, антиоксиданти.
Ова млеко го помага варењето и е фантастично за кожата.
Вкусно е за пиење, неговата текстура е кремаста и неверојатно лесно се прави.
Сепак, нутриционистите велат дека е доволна една шолја дневно, без претерување.
Што е потребно за црно млеко
150 гр црн сусам
10 урми
1 литар вода
Како се подготвува црното млеко
Потопете го сусамот во вода неколку часа, по можност преку ноќ.
Процедете го и ставете го во блендер.
Во меѓувреме урмите потопете ги во млака вода 15 минути, а потоа додадете ги во блендерот, налејте 1 литар вода и изблендирајте.
Процедете ја смесата и ќе добиете кремасто и вкусно растително млеко. По желба можете да додадете и сок од лимон.
Може да остане во фрижидер до три дена.