Пченката е идеална диетална намирница во лето!

Фото: Freepik
129

Пченката е природен лек кој го намалува холестеролот, има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта, добар извор е на енергија, помага при проблеми со желудникот и дигестивниот систем, ја подобрува функцијата на дебелото црево

Пченката, како храна богата со антиоксиданти, фолна киселина, инхибитори на протеаза и бројни фитохемикалии, може да се смета за борец против карциноми и вируси и затоа треба да го заземе своето место на менито на современиот човек.

Како интегрално зрно, пченката е во категоријата намирници кои имаат заштитно дејство, а бројни студии го поврзуваат јадењето пченка со помал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и прекумерна дебелина.

Да, пченката е поврзана со помал ризик од прекумерна дебелина и покрај тоа што е богата со јаглехидрати.

Но, се разбира, важна е и количината.

Обидете се да изберете порции кои се во согласност со потребите на вашето тело и нивото на активност. За повеќето возрасни жени, тоа би значело еден кочан пченка или половина чаша зрна.

Богатa е со важни хранливи материи

Пченката содржи различни видови на витамини од групата Б, како и калиум.

Калиумот е минерал кој поддржува здрав крвен притисок, функција на срцето, мускулни контракции, спречува мускулни грчеви и помага во одржување на мускулната маса.

Пченката содржи 10 пати повеќе витамин А од другите житарки.

Покрај тоа, штити од когнитивно опаѓање. Исто така, витаминот А го поддржува имунолошкиот систем и помага во формирањето на мукозната мембрана на респираторниот тракт која потоа создава подобра заштитна бариера и на тој начин ги спречува бактериите да влезат во крвотокот.

Содржи антиоксиданти

Лутеинот и зеаксантинот, главните каротеноиди (или пигменти) на пченката, помагаат во заштитата на очите и докажано е дека го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата) и катаракта.

Се покажа дека антиоксидантот кверцетин помага во борбата против акутно и хронично воспаление и штити од невродегенеративни болести, како што е Алцхајмеровата болест. Кверцетинот е исто така поврзан со апоптоза, форма на програмирана клеточна смрт што телото ја користи за да ги убие истрошените или дисфункционалните клетки.

Одличнa е за дигестивниот систем

Друга здравствена придобивка од јадењето пченка се нерастворливите влакна кои не се разградуваат и не се апсорбираат во крвотокот.

Нерастворливите влакна остануваат во дигестивниот тракт, зголемувајќи ја масата на столицата и помагајќи да се движи отпадот низ вашиот систем. Ова спречува запек, го намалува ризикот од хемороиди и може да помогне да се намали ризикот од рак на дебелото црево.

Пченкарните влакна исто така можат да помогнат во контролата на тежината со зголемување на чувството на ситост после оброк.