Семки од тиква во мед: Ја подобруваат меморијата, моќни се во борбата против цревните паразити и воспалението на простатата

Фото: Freepik
414

Редовното консумирање на семки од тиква со мед се препорачува за тинејџерите и за повозрасните мажи кои имаат проблеми со простатата.

Денес ќе напишеме малку повеќе за семките од тиква и за нивната извонредна комбинација со мед. Многумина не знаат до кој степен семките од тиква се богати со протеини и корисни масти. Семките од тиква содржат околу 50% масло и 30% квалитетни протеини.

Затоа се многу корисни за децата, адолесцентите и постарите лица, односно за сите оние на кои им се потребни висококвалитетни протеини и енергетски материи.

Важно е да знаете дека семките од тиква се еден од најдобрите извори на цинк и омега-6 масни киселини и секако, не содржат холестерол.

Цинкот е минерал кој ја нормализира функцијата на мозокот, ја подобрува меморијата, го намалува

заморот и раздразливоста и го нормализира спиењето.

За тоа е доволна количина од само 20 излупени семки дневно.

Цинкот им е особено потребен на младите во адолесценцијата и на повозрасните лица.

Кај тинејџерите семките од тиква ја спречуваат појавата на акни и првут во косата, а кај повозрасните мажи можат да спречат појава на разни болести, особено воспаление на простатата.

За овој ефект се смета дека е доволно да се јадат 40 семки дневно, 20 наутро и 20 попладне – пред оброк.

Семките од тиква содржат огромна количина на аргинин.

Кога ќе влезе во нашето тело, оваа аминокиселина се претвора во азотен оксид, кој влијае на проширувањето на артериите и крвните садови, што ја подобрува циркулацијата на крвта.

Семките од тиква се и ефикасен природен лек против цревни паразити, па така настанал и народниот лек за кој ви го даваме рецептот подолу.

Семки од тиква во мед:

Ако сакате да се ослободите од цревните паразити, треба да сомелете 150 гр семки од тиква и да ги измешате со 3 лажици мед.

Оваа смеса поделете ја на три еднакви дела и секој дел јадете го три дена по ред, наутро, на празен стомак.

Третиот ден, половина час откако ќе ги изедете, корисно е да се напиете некој безбеден лаксатив. Редовното консумирање на семки од тиква со мед се препорачува и за повозрасните мажи кои имаат проблеми со простатата.

Треба само да ги измешаат мелените семки со мед, за да изгледаат како густа паста и да земаат по една или две лажици дневно.

Ова е и превенција и лек за болести на простатата.

Семките од тиква и медот исто така им помагаат на слабите луѓе да се здебелат, корисни се за сузбивање на сува кашлица и подобрување на циркулацијата во целото тело.