Кафе и млеко е лоша варијанта: Комбинацијата што ја консумираат повеќето луѓе – е штетна

Фото: Unsplash
401

Кафето одамна е познато по своите полифеноли, соединенија со силно антиоксидативно дејство кои можат да помогнат во спречување на разни болести, како што се срцеви проблеми, дијабетес и дегенеративни нарушувања на мозокот. Експертите предупредуваат дека неговото консумирање со млеко е штетно и нудат алтернативи

За многу луѓе е незамисливо да се почне денот без кафе.

Таа шолја ароматичен напиток не е само извор на енергија, туку и ритуал кој го означува почетокот на денот.

Посебно популарно е кафето со додаток на млеко, кое често се нарачува во кафулињата.

Но, новото истражување на неврологот Роберт Лав може да го промени начинот на кој гледаме на оваа вообичаена практика.

Излегува дека млекото во кафето можеби не е најдобриот избор за оние кои сакаат да ги максимизираат здравствените придобивки од овој пијалак.

Кафето одамна е познато по своите полифеноли, соединенија со силно антиоксидативно дејство кои можат да помогнат во спречување на разни болести, како што се срцеви проблеми, дијабетес и дегенеративни нарушувања на мозокот.

Сепак, Роберт Лав предупредува дека додавањето млеко во кафето може да ги намали благотворните ефекти на полифенолите.

Млечните протеини можат да се врзат за полифенолите, намалувајќи ја нивната апсорпција во телото, што може да значи губење на некои од здравствените придобивки што ги нуди кафето.

Кои се алтернативите?

Имајќи го ова на ум, Лав препорачува алтернативи кои ги задржуваат здравствените придобивки од кафето.

На пример, растителните млека како што се она од индиски ореви или кокосовото млеко се се попопуларен избор.

Оваа варијанта не само што го зачувува вкусот и текстурата на кафето, туку носи и свои здравствени придобивки благодарение на витамините, минералите и здравите масти.

Друга алтернатива што ја предлага Лав е маслото MCT, богато со триглицериди со среден ланец, кои брзо се апсорбираат и обезбедуваат дополнителна енергија за мозокот и телото.

MCT маслото често се смета за посилна верзија од кокосовото масло бидејќи содржи концентрирани корисни масни киселини.

Од друга страна, некои истражувања сугерираат дека комбинацијата на полифеноли и амино киселини од млекото исто така може да обезбеди одредени здравствени придобивки.

Овие интеракции можат да ја подобрат антиоксидантната заштита и да го зајакнат имунолошкиот систем.

На крајот на краиштата, важно е да се разбере дека млекото го менува ефектот на кафето и да се донесуваат информирани одлуки за тоа што најдобро им одговара на одделни диететски потреби и здравствени цели.