Во комбинација со овие намирници, чиа семето може да нанесе повеќе штета отколку корист

Фото: Pexels
67

Кога се комбинира со друга храна богата со влакна, како што се трици, овесна каша и одредени овошја како јаболка и круши, чиа семето може да го преоптовари дигестивниот систем.

Постојат многу препораки за конзумирање на чиа семе, но доколку не сте навикнати на големи количини на влакна во исхраната, се советува постепено да ги внесувате во својата исхрана.

Чиа семето е извор на здравје: тие се добар извор на диетални влакна кои го забрзуваат варењето и ја подобруваат функцијата на цревата, содржат омега-3 и омега-6 масни киселини кои го штитат здравјето на срцето и крвните садови и се богати со калциум – важен минерал за одржување на здравјето на коските и забите.

Освен тоа, прават подолго да се чувствувате сити, па се препорачуваат за луѓе кои сакаат да ослабат или да ја задржат саканата тежина.

Но, иако е здраво, чиа семето кај некои луѓе може да предизвика повеќе штета отколку корист. На пример, може да предизвика киселини или запек, ако се комбинираат со погрешна храна.

Доколку не сте навикнати на големи количини влакна во исхраната или штотуку почнувате да користите чиа семе, корисно е да следите како реагирате на него, како и постепено да ја зголемувате неговата количина на менито.

Ова се групите на намирници на кои треба да обрнете посебно внимание при комбинирањето со овие семки.

Храна богата со фитинска киселина

Фитинската киселина, која се наоѓа во храната како грав, леќа, јаткасти плодови и некои житарки, може да ја попречи апсорпцијата на минералите.

Чиа семето е исто така богато со фитинска киселина, па неговата комбинација може да ја намали способноста на телото да ги апсорбира клучните минерали како калциум, железо и цинк.

Храна богата со растителни влакна

Чиа семето е многу богато со растителни влакна. Околу 28 грама чиа семе содржат околу 10 грама влакна. Кога се комбинира со друга храна богата со влакна, како што се трици, овесна каша и одредени овошја како јаболка и круши, чиа семето може да го преоптовари дигестивниот систем.

Прекумерното консумирање влакна може да предизвика надуеност и гасови.

Покрај тоа, чиа семето е хидрофилно, што значи дека апсорбира вода и се шири низ дигестивниот систем. Кога се меша со друга храна богата со влакна, може да се појават проблеми како што се запек или дијареа.

Храна богата со оксалати

Оксалатите се соединенија кои се наоѓаат во храната како што се спанаќот, цвеклото и слаткиот компир кои можат да се врзат за калциум и други минерали, формирајќи камења во бубрезите кај осетливи лица.

Чиа семето исто така ги содржи овие соединенија, па нивното комбинирање со друга храна богата со оксалати може да претставува ризик за здравјето на бубрезите.