За најмногу придобивки, јадете го сиров или кратко обарен

Фото: Pexels
148

Карфиолот содржи многу состојки кои делуваат против многу болести и ги регулираат хормоните. Се вели дека е особено ефикасен во спречување на рак на дојка и дебело црево. Меѓутоа, пдолгото готвење уништува некои лековити својства на карфиолот.

Карфиолот е полн со есенцијални витамини, минерали и влакна, но малку калории, па ни овозможува да уживаме во поголема порција без да се чувствуваме виновни.

Покрај тоа, содржината на влакна во карфиолот не одржува сити подолго време, намалувајќи го ризикот од грицкање помеѓу оброците. Покрај придобивките за слабеење, карфиолот е разновидна состојка која може да се користи во различни јадења.

Карфиолот содржи многу состојки кои делуваат против многу болести и ги регулираат хормоните. Се вели дека е особено ефикасен во спречување на рак на дојка и дебело црево.

Овој зеленчук содржи голем број антиоксиданти, го ослободува организмот од штетни материи (детоксикација) настанати поради лоша храна и дејство на штетни материи од околината, како и од зрачење.

Состав на карфиолот

Содржи малку јаглехидрати (околу 5%), малку протеини (2,5%), занемарлива количина маснотии, многу вода и некои диетални влакна. Карфиолот има најмногу витамин Ц, а од останатите содржи А, Б1, Б2 и ПП. Од минералите и микроелементите, најзастапени се калиумот, калциумот, фосфорот и железото. Богат е со антиоксиданти. Енергетската вредност на карфиолот е мала (во 100 г има 27 kcal).

Ги штити градите

Карфиолот има естрогенска активност – влијае на нивото на естроген, женски полов хормон, кој игра голема улога во развојот на рак на дојка. Жените кои редовно консумираат карфиол, како и слични зеленчуци (зелка, брокула) имаат помал ризик од развој на рак на дојка.

Постојат студии кои покажуваат дека јадењето повеќе карфиол може да помогне во намалувањето на фиброцистичните промени на градите. Со забрзување на метаболизмот на естрогенот, влијае на неговото исфрлање од телото и го спречува растот на јазлите.

Го чисти организмот

Со содржината на голем број антиоксиданси, го ослободува организмот од штетни материи (детоксикација) настанати од лоша храна и дејство на штетни материи од околината, како и од зрачење.

Против рак

Богат е со антиоксиданти кои спречуваат мутации на клетките кои можат да доведат до малигни заболувања. Посебно е испитан ефектот врз ракот на дебелото црево. Благодарение на содржината на диетални влакна, антиоксиданти и други антиканцерогени материи (особено индол), го намалува размножувањето на клетките и формирањето на полипи што доведуваат до рак на дебелото црево. Конзумирањето на карфиол може да спречи настанување на полипи и рак.

Го намалува холестеролот

Тој е добар извор на растворливи влакна кои ја намалуваат ресорпцијата на холестерол и неговото ниво во крвта. Ја намалува атеросклерозата и го намалува ризикот од срцеви заболувања, пред се, срцев и мозочен удар.

Други лековити својства

Го намалува оштетувањето на нервните клетки, затоа редовната потрошувачка го намалува ризикот од Паркинсонова болест и мултиплекс склероза. Има корисен ефект врз голем број воспалителни болести, ревматски заболувања и астма. Содржи многу калиум и доколку се консумира без додавање сол, го намалува крвниот притисок.

Има многу калциум, па ги зајакнува коските. Поволниот однос на фосфор и калциум, заедно со низок натриум, овозможува ресорпција на калциум и спречува остеопороза. Има мала калорична вредност, а варењето трае подолго време, па затоа се препорачува за луѓе кои сакаат да ослабат.

Совет:

Подолгото готвење уништува некои лековити својства на карфиолот. Јадете го сиров, делумно варен или подготвен во микробранова печка. Карфиолот може да ја влоши состојбата на луѓето со Кронова болест.