Лешниците ги намалуваат холестеролот и триглицеридите: За што сѐ се добри вкусните јаткасти плодови?

Фото: Pexels
71

Се верува дека благодарение на омега-3 масните киселини, витаминот Е и антиоксидантите, лешниците, меѓудругите здравствени придобивки, влијаат и на когнитивните способности, ја зајакнуваат меморијата и не штитат од депресивно расположение.

Лешниците се плод на дрвото леска (Corylus) и една од намирниците богати со масни киселини кои ја стимулираат функцијата на мозокот, ги зајакнуваат коските и го намалуваат покаченото ниво на холестерол и триглицериди.

Лешниците најчесто се составени од незаситени масни киселини (здрави масти), кои човечкото тело не може самo да ги произведе, туку мора да ги внесува преку исхраната.

Лешник е богат со висококвалитетни протеини, витамини и минерали. И покрај тоа што е висококалорична храна, има способност да ја „забрза“ работата на мрзливите црева и на тој начин да биде корисен во диетите за слабеење.

Лешниците се полни со здрави масти и калории

Лешниците се висококалорична храна, 100 грама содржат 628 калории и се полни со здрави масти. Околу 20 лешници со просечна големина имаат 176 калории, 17 грама масти, 4,2 грама протеини, 4,7 грама јаглени хидрати, 2,7 грама влакна.

Имаат и големи количини на витамин Е, тиамин, магнезиум, бакар, манган, многу витамин Б6, фолна киселина, фосфор, калиум и цинк, омега-6 и омега-9 масни киселини, како што е олеинската киселина.

Покрај многуте придобивки, треба да бидете умерени кога станува збор за дневната доза на оваа здрава ужина. Лешниците содржат и фитинска киселина, за која се покажало дека ја попречува апсорпцијата на минералите како што се железото и цинкот.

Експертите нагласуваат дека оваа киселина само ја намалува апсорпцијата на железо, калциум или цинк од јаткастите плодови што ги користиме за време на еден оброк, но не и од храната што ја консумираме неколку часа подоцна.

Најкорисен е лешникот во сирова форма

Лешниците обезбедуваат и значителни количини на антиоксиданти, кои се добра заштита од стрес, побрзо стареење и појава на некои од најтешките болести. Фенолните соединенија го намалуваат количеството на холестерол во крвта и воспалението. Лушпите од лешникот се особено богати со антиоксиданти, а советот е да се консумираат лешници во сирова форма, бидејќи термичката обработка го намалува количеството на здрави соединенија.

Благослов за срцето
Лешниците се добра храна за здравјето на срцето, бидејќи високата количина на здрави масти и антиоксиданти може да го намалат нивото на холестерол во крвта.

Кај лицата со високо ниво на холестерол и триглицериди, по редовната употреба на лешници, нивото на овие масти во крвта се намалило. Вкупната количина на лешници во нивното дневно мени изнесувала од 18 до 20 проценти. Артериската проодност била подобрена и воспалителните маркери во крвта биле намалени.

Во студија во која учествувале 400 луѓе кои консумирале лешници, биле откриени и значително помали количини на „лошиот холестерол“ ЛДЛ.

Пониските нивоа на лоши масти и повисоките нивоа на витамин Е во лешниците го штитат здравјето на срцето. Експертите претпоставуваат дека високата содржина на масни киселини, диетални влакна, антиоксиданти, калиум и магнезиум во лешниците може да ги нормализира вредностите на крвниот притисок.

Конзумирањето од 29 до 69 грама лешници дневно е поврзано со подобри параметри за здравјето на срцето.

Лешниците ги стимулираат цревата

Лешниците се силен извор на диетални влакна, кои го поттикнуваат движењето на дебелото црево. И покрај тоа што е калорична ужина, лешникот е сојузник на сите кои сакаат да ослабат.

Го зајакнува метаболизмот, а состојката тиамин помага за претворање на јаглехидратите во гликоза, но влијае и на производството на еритроцити (црвени крвни зрнца).

Здравите масти и влакна обезбедуваат силно чувство на ситост и на тој начин го регулираат апетитот.

Здравите масти го намалуваат воспалението
Големите количини на здрави масти ги намалуваат воспалителните процеси.

Некои студии тврдат дека лешникот влијае на маркерите на воспаление, како што е високочувствителниот Ц-реактивен протеин, кај луѓе со повисоко ниво на холестерол.

Се верува дека лешникот го смирува воспалението и кај дебелите луѓе.

Комбинација од сирови ореви (15 грама), бадеми (7,5 грама) и лешници (7,5 грама) го намалуваат воспалението кај пациенти со метаболички синдром по 12 недели.

Повеќето студии, сепак, истакнуваат дека не постои чудотворен еликсир што ќе го намали воспалението кај дебелите луѓе. Самото јадење лешници не е доволно.

Експертите советуваат добро балансирана исхрана која на организмот ќе му ги обезбеди сите потребни хранливи материи, со контролиран внес на калории.

Храна за мозокот
Сите јаткасти плодови, бадеми, ореви, лешници, се најдобрите закуски за ужина за време на напорниот работен ден. Ја подобруваат концентрацијата, го намалуваат чувството на замор, го чистат крвотокот од лошите масти.

Се верува дека благодарение на омега-3 масните киселини, витаминот Е и антиоксидантите, лешникот влијае на когнитивните способности, ја зајакнува концентрацијата и не штити од депресивно расположение.

Лешникот е здрава ужина, но може да предизвика несакани алергиски реакции кај чувствителните луѓе. Алергијата на јаткасти плодови е една од најчестите алергии на храна, па затоа се советува дополнителна претпазливост, особено ако лешниците им се даваат на децата.