Овој вкусен, здрав и едноставен рецепт може да го направи секој. Потребни се само 5 состојки. Рецептот е од Инстаграм профилот на хрватската гастроблогерка Лана Кланац
Ако барате рецепт за ситни, вкусни колачиња, проверете го овој за здрави бомбици од лимон и кокос.
Кокосовите топчиња се незаменлив дел од празничната трпеза, а во продолжение ви пренесуваме рецепт за полесна, а за многумина уште повкусна и поздрава варијанта.
Здравите рафаело топчиња се прават за само неколку минути, не содржат глутен и можете да ги јадете дури и ако сте на диета. За да го направите потребни ви се само пет состојки, а вкусот е чиста фантазија, затоа зачувајте го овој рецепт и пробајте го овој празничен период.
Состојки:
2 чаши (200 мл) индиски ореви
2 чаши (од 200 мл) кокосови трошки
Рендана кора од лимон
Сок од половина лимон
4-5 лажички кокосово масло
3 лажици домашен мед или сируо од урми, јаворов сируп или некој друг по ваш избор
Подготовка:
Додадете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Мора да добиете компактна смеса од која може да се направат топчиња.
Направете ги топчињата и извалкајте ги во кокосови трошки. Ставете ги во фрижидер на неколку часа или преку ноќ.