Речиси сечие раѓање, сечии радости и животни успеси, биле и ќе бидат прославени со вино, како што и сите тажни приказни и секое заминување од овој свет се натопени со вино. Или, што би рекле Французите: Сите моди поминуваат, само виното останува. Следува осмото издание на најпрестижниот вински салон во регионот, Винодонија 2024
Сите знаеме за Дионис и за Бахус, речиси сечие раѓање, сeчии радости и животни успеси биле и ќе бидат прославени со вино, како што и сите тажни приказни и секое заминување од овој свет се натопени со вино.
Виното било и останува ценет пијалак на многу цивилизации. Што би рекле Французите: Сите моди поминуваат, само виното останува. Несомнено, тоа претставува најцивилизирано и најкултивирано средство за уживање и своевиден културен и цивилизациски предизвик.
Вистинската винска култура, на крајот на краиштата, како и секоја друга, се стекнува со текот на времето. Секако, не се мери според количината на испиено вино, туку подразбира одредени знаења. Од оние за основата на производството на одредени видови вино, за неговата класификација по квалитет, за сервирањето, за читањето на етикетите, познавање на температурата на виното, спарување на виното со храна, а особено за запознавање на самиот ритуал за пиење вино.
Таа всушност подразбира цивилизирано консумирање на овој боженствен пијалак.
Колку знаете вие за виното?
А сега, признајте, колку пати сте седнале на ручек или вечера и сте го гледале сомелиерот како се приближува до вашата маса носејќи го шишето вино што го нарачавте?
Сигурно барем неколку пати! И дали сте си помислиле во себе: Немој само мене да ми дадеш да го пробувам! Плашејќи се дека нема да знаете како да го направите тоа, а да не излезете смешни и несигурни!
Но сигурно ќе дојде ден кога ќе ви стават вино во чашата и ќе ја чекаат вашата оценка за истото.
Ќе ја земете чашата од која ќе ви се насмевнува виното и веројатно ќе кажете само некое несигурно: аха, во ред е!
И што потоа? Нема белким наеднаш да престанете да пиете вино. Многу подобар избор е да се едуцирате!
Скопскиот вински салон е вистинското место
На 13 и 14 декември (петок и сабота) во хотел Мериот почнува скопскиот вински салон „Винодонија“ кадешто трпеливо не едуцираа во текот на изминатите седум изданија, а така ќе биде и овојпат, на осмото издание, во чии рамки ќе можеме да уживаме во над 500 различни вина, кои ќе бидат изложени од над 70 различни винарии.
Тука можете да се запознаете со различни видови и подвидови на вино. Да научите како да ги разликувате и зошто кога пробуваме вино ја навалуваме чашата на 45 степени, како и тоа што всушност бараме кога ќе го помирисаме виното и ќе го провртиме во чашата.
Ќе научите многу работи, а единственото што се очекува од вас е да сте љубител на вино и да сакате да знаете повеќе отколку само тоа дека постојат црвени и бели вина, пенливи и оние кои се нешто помеѓу црвено и бело, односно, розе вина. (Патем, има и портокалови).
Што се однесува до спарувањето со храна, тоа ќе можете да го направите на лице место, во гастрономскиот дел кадешто ќе бидат присутни над 15 изложувачи на деликатеси што совршено се надополнуваат со виното.
Ексклузивни мастер класови и дегустации водени од енолози, сомелиери и професори
Во склоп на Винодонија секогаш има одлична програма која освен спонтаните дегустации на повеќе од 500 различни вина среде убавиот метеж од луѓе, вклучува и водени дегустации каде секоја етикета е претставена од сомелиери, енолози, професори и од самите винари, со објаснување зошто е избрана за одредена дегустација.
Секое вино во рамките на ексклузивните мастер-класови ќе биде презентирано со сугестија зошто е избрано, што го издвојува од другите, колку алкохол има, дали има полно, средно или лесно тело, повисоки танини и побогата арома, па дури и со каква храна треба да се служи.
Програмата вклучува седум мастер класови и работилници водени од светски и домашни вински експерти. Љубителите на виното ќе можат да научат повеќе преку тематски предавања како што се: „Во долината на винската среќа – Дегустација на вина од северна Рона, Франција“, „Во светот на
меурчињата“, потоа, еЕдукативно предавање за виното и здравјето на срцето“, како и уникатната „Голема вертикална дегустација на Merlot Single Vineyard на винарија Камник“.
Специјален дел од програмата се и работилниците „Запознај ја винска Унгарија“, „Ризлинг – сорта за
префинети и долговечни вина“ и „Враќање во иднината – новоформирани вински
сорти од Србија“.
Повеќе од изложба на вина
И конечно, како што вели проект-менаџерот на Винодонија 2024, Дејан Донев, оваа манифестација е повеќе од изложба на вина.
„Винодонија 2024 е платформа за винариите да се претстават пред префинета винска публика, која вклучува гости од ХоРеКа секторот, угостители и љубители на виното. Ова е шанса за сите учесници да создадат нови контакти, да ги прошират своите пазари и да ја раскажат својата винска приказна на начин кој инспирира,“ вели Донев.
Распоредот на мастер класовите е во официјалната програма на Винодонија, подолу во текстот.
Картите за претстојното 8-мо издание на Винодонија 2024 се во продажба и можете да ги набавите на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/