Најдобрите новогодишни салати: Четири рецепти за 30 минути!

Фото: Pexels
263

Во новогодишната ноќ подгответе им ја на вашите домашни храната што најмногу ја сакаат, а ова се дел од предлозите и ниту еден не е руска салата

Ако ви здодеа веќе за секоја Нова година да ги приготвувате истите салати, руска или француска, еве неколку слични, но сепак малку поинакви салати кои можете да ги направите за само половина час.

Рецепт 1
Исечете 2 кисели краставички на ленти
1 свежа краставица исечена
Исечкајте ги копарот и магдоносот
200 грама грашок
сол
бибер
маслиново масло
Добро измешајте!

Рецепт 2
Сварете 250 грама филе од пилешки или мисиркини гради
Исечкајте ги на коцки
Исечете 50 грама кашкавал на ленти
Изрендајте 150 грама моркови
200 грама конзервиран бел грав
мајонез
Добро измешајте

Рецепт 3
Исечкајте 100-150 грама зелка
Исечете 70 гр кашкавал на коцки
250 грама сварено свинско месо исечкајте го на коцки
100 грама грашок
Мајонез

Добро измешајте

Рецепт 4
Исечете 70 гр кашкавал на коцки
Исечете 1/2 пиперка
1 кисела краставица исечкана
Исечете 1 јаболко на мали парчиња
1 мандарина
Секое парче мандарина исечете го на половина
1 лажица мајонез,

2 лажици кисела павлака
1 лажица зрнест сенф

сол
Добро измешајте!