Уживајте во утрото со хранлива комбинација на диетални состојки

Фото: Pexels
47

Доколку барате идеја за брз и здрав појадок, дојдовте на вистинското место – ви предлагаме со која комбинација на хранливи состојки вреди да се започне уште еден ден. И како и да ви звучи, навистина не е скап и нема да ве чини повеќе од 60-70 денари. Помалку од четвртина бурек, нели?

Според многу диететичари, појадокот е најважниот оброк во денот. Изборот на храна со која ќе го разбудите вашето тело е многу важна задача.

Тешката и калорична храна не придонесува за здравјето на дигестивниот систем, а особено е погрешно да се избере таква храна за првиот оброк во денот.

Доколку не сакате да губите време во кујната подготвувајќи го утринскиот оброк и ви треба едноставно решение, имаме предлог за вас!

Еве пример за брз, едноставен и исклучително хранлив појадок кој содржи само неколку состојки.

И како и да ви звучи, навистина не е скап и нема да ве чини повеќе од 60 денари. Помалку од четвртина бурек, нели?

Дополнително, оваа комбинација на здрави масти, протеини и влакна обезбедува долготрајно чувство на ситост, а веројатно веќе ги имате сите состојки во вашата кујна.

Состојки:

1 парче интегрален леб (или леб од цело зрно)

1/2 зрело авокадо

1 јајце

Прстофат сол, пипер или чили

Подготовка:

Ставете го јајцето во зовриена вода и сварете го или скршете го во водата, па ќе добиете поширано јајце.

Половина од авокадото згмечете го со вилушка и посолете по вкус.

Потпечете малку парче леб и намачкајте го со авокадото, а одозгора ставете го јајцето.

По желба, посипете со бибер или чили снегулки за дополнителен вкус.