Крекери од наут

Фото: Freepik
58

Брзи крекери од наут за сите кои бараат здрава и едноставна закуска

Овој рецепт за крекери од наут нуди совршена комбинација на хранливи состојки и богати, автентични вкусови. Користејќи брашно од наут, чиа семе и мелен ким, ќе направите лесна, но исклучително вкусна закуска.

Додавањето на стопен Ги путер ја збогатува текстурата и вкусот, што ги прави овие крекери идеален избор за брза и здрава закуска која лесно се подготвува.

Ќе ви требаат:
70 гр брашно од наут
10 г чиа семе
2 г прашок за пециво
сол на врвот на лажичката и мелен ким
15 г стопен Ги путер (направете сами или побарајте ТУКА).
20 г обична вода

Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, семките, солта, зачините и прашокот за печиво. Потоа додадете ги путерот и водата и направете мазно тесто. Расукајте го меѓу два листа хартија за печење, многу тенка или до саканата дебелина и исечете форми.

Печете во рерна загреана на 200 °C 5 до 10 минути, во зависност од тоа колку дебели или тенки сте ги направиле крекерите.

Кога ќе почувствувате мирис од кимот што доаѓа од рерната, проверете дали се печени. Рабовите и дното на крекерите треба да добијат светло кафена боја.