Нутриционистката Марта Теран предлага пет ефективни начини со чија помош е можно брзо намалување на крвниот притисок.
Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат со висок крвен притисок (хипертензија), а познато е дека некои од последиците од оваа опасна состојба се срцеви и мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило и други компликации. Освен што земаме лекови, го намалуваме внесот на алкохол и редовно се занимаваме со физичка активност, можеме многу да направиме и со прилагодување на исхраната. Нутриционистката Марта Теран предлага пет ефективни начини со чија помош е можно брзо намалување на крвниот притисок.
Подготвувајте ги сами сопствените оброци
Првата стратегија е – гответе дома. Подготвувањето на нашите оброци од свежа, нискокалорична храна богата со хранливи материи, посочува нутриционистката, ни помага да го намалиме внесот на натриум и шеќер додека истовремено го зголемуваме внесот на хранливи материи кои го намалуваат крвниот притисок, како што се калиум, антиоксиданти и влакна.
Оваа нутриционистка препорачува да се консумира што е можно помалку преработена храна, поточно, советува да се избегнува купување готова храна над која често немаме контрола во однос на тоа што всушност има во неа. Затоа, купувањето готова храна и одењето во ресторани, нека бидат исклучок, а не правило.
Зголемете го внесот на влакна
Влакната е докажано дека се непријател на хипертензијата, а ги има во речиси сите непреработени растителни намирници. Затоа, нутриционистката советува да се консумира што повеќе свеж зеленчук, што несомнено ќе помогне во намалувањето на крвниот притисок.
Внимавајте на внесот на сол
Солта е исклучително важна за нормалното функционирање на човечкото тело, но во никој случај не е пожелно нејзино прекумерно внесување. Таа е една од најважните причини за висок крвен притисок, така што луѓето кои се борат со овој проблем треба сериозно да ја сфатат пораката за ограничениот внес. Препорачаната дневна доза на кујнска сол според Светската здравствена организација е пет грама.
Внесувајте повеќе калиум
Исхраната со малку калиум и богата со натриум, како што се преработеното месо, индустриските сокови, брзата и инстант храна и газираните пијалаци, придонесува за висок крвен притисок. Спротивно на тоа, храната богата со калиум, како што се зелениот зеленчук, бананите, слаткиот компир, млечните производи, гравот и авокадото, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.
Не заборавајте на водата
Пиењето доволно течности е исто така исклучително важно кога станува збор за крвниот притисок. Имено, внесот на вода им помага на бубрезите ефикасно да го излачуваат вишокот натриум, за кој знаеме дека може да го зголеми крвниот притисок. Кога нашето тело е дехидрирано, крвните садови се стеснуваат, што го отежнува протокот на крв, што доведува до висок крвен притисок. Хидратацијата го одржува и балансот на електролити, како што се калиумот и натриумот.