За една група луѓе овие две намирници кои, според експертите, важат за најлошите намирници кои можете да ги имате во својата исхрана, се особено опасни.
Предијабетесот е медицинска состојба во која нивото на шеќер во крвта на пациентот е повисоко од нормалното, што сериозно го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2.
Оваа состојба често е придружена со зголемување на телесната тежина и воспаление, што дополнително го нарушува метаболичкото здравје.
„Предијабетесот треба да се гледа како предупредувачки знак! Тоа е фаза во која дијабетесот тип 2 сè уште може да се спречи или одложи со промена на животните навики. А запирањето или одложувањето може да биде од клучно значење бидејќи дијабетесот тип 2 може да биде разорна болест.
Состојбата обично започнува со инсулинска резистенција, каде што клетките не го користат инсулинот правилно. На крајот, на телото му треба повеќе инсулин отколку што може да произведе, што предизвикува зголемување на гликозата во крвта.
„Во овој период, покаченото ниво на гликоза може да доведе до сериозно оштетување на крвните садови, срцето и бубрезите“, се вели на официјалната веб-страница на Медицинскиот факултет Јеил.
Нивото на гликоза може да доведе до сериозно оштетување на крвните садови, срцето и бубрезите“, се вели на официјалната веб-страница на Yale School of Medicine.
Луѓето на кои им е дијагностициран предијабетес мора да бидат многу внимателни со внесот на шеќер, но не станува збор само за слатки. Експертите советуваат да се намалат и другите видови на намирници, кои се генерално нездрави и ризичен избор за развој на бројни други болести.
За жал, сите добро знаеме дека многу од нас ги обожаваат и масовно ги консумираат, речиси секојдневно.
Помфрит
Пржената храна никогаш не е најдобра опција за нашето здравје, особено ако имаме предијабетес. „Пржената храна, како помфрит и пржените пилешки нагетси, се полни со нездрави заситени масти. Овие типови на масти можат да го подигнат нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до отпорност на инсулин и дијабетес“, објаснува нутриционистката и професорка Крутика Нанавати за порталот SheFinds.
Наместо тоа, се препорачува да изберете немасни протеини, да уживате во печен зеленчук, пилешко и мисиркино без кожа, печени без маснотии на грил тава.
Повременото уживање во овие намирници нема нужно да доведе до дијабетес, но многу е важно луѓето со предијабетес да го ограничат колку што е можно повеќе.
Бел леб
Рафинираните житарки се генерално лош здравствен избор и се особено проблематични за луѓето кои се обидуваат да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
„Храната како бел леб, бел ориз и преработени житарки за појадок се многу лош избор. Тие се лишени од диетални влакна, витамини и минерали“, предупредува Нанавати.
Истакнува дека овие намирници имаат висок гликемиски индекс и можат да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта, што со тек на време може да доведе до отпорност на инсулин. Наместо тоа, најдобро е да изберете цели зрна.
„Целите житарки обезбедуваат поголема хранлива вредност поради нивната повисока содржина на диетални влакна, витамини и минерали. Нивниот внес помага да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабетес“, додава нутриционистката.