Природен лек за несвестица: Семето од синап и сенфот имаат и антиканцерогени својства

Фото: Pexels
48

Голем број студии потврдиле дека постојат потенцијали на состојките на синапот во борбата против бактерии, паразити и габи.

Сенфот е еден од омилените додатоци во јадењата, особено за луѓето кои сакаат попикантен вкус. Специфичната арома се должи на одредени компоненти на сенфот, кои не само што даваат вкус, туку се и исклучително здрави.

Сенф и синап: здравствени придобивки и употреба

Иако потенцијалните здравствени придобивки од сенфот долго време се проучуваат, само неодамнешните студии потврдија дека поседува антиканцерогени својства. Интересно е што семето од синап има единствена способност да им помогне на луѓето кои се онесвестиле побрзо да ја вратат свеста. Имено, продорната арома на синапот, т.е. одредени состојки имаат и способност брзо да се транспортираат преку респираторниот тракт до центрите во мозокот, што ги стимулира невроните и деловите од клетките да се „вратат“ во нормала.

Ако некој ја изгубил свеста, а вие го имате овој додаток во исхраната при рака, обидете се да му ставите одредена количина сенф „под носот“.

Еве зошто сенфот е вкусен и здрав додаток во исхраната: Ниска калорична вредност
Сенфот е нискокалорична храна која содржи само околу 75 калории на 100 грама. Оваа посна, здрава и пикантна намирница може да се користи како вкусен додаток на јадењата, вклучувајќи салати и риба, а се карактеризира и со силно антибактериско дејство.

Голем број студии потврдија дека постојат потенцијали на состојките на синапот во борбата против бактерии, паразити и габи.

Богатство на хранливи материи
Главната состојка на сенфот, растението синап, содржи широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи:

Витамини: А, Ц, Е, ниацин, тиамин, рибофлавин.
Минерали: фосфор, калиум, калциум, железо, магнезиум, селен.
Омега-3 масни киселини: Неопходни за здравјето на срцето и мозокот.
Сенфот содржи и моќен антиоксидантен гликозид синалбин, кој дава карактеристична лутина и помага во борбата против слободните радикали.

Здравствени придобивки
Антиканцерогени својства: Сенфот и семето од синап можат да помогнат во спречувањето на малигни заболувања, особено во дигестивниот тракт, благодарение на селенот и моќните антиоксиданти што ги содржат.
Поддршка на здравјето на срцето: Магнезиумот и омега-3 масните киселини помагаат во регулирањето на крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Превенција од настинки: Лутината од сенфот ги чисти синусите и го зајакнува имунитетот.
Подобрување на циркулацијата и метаболизмот: Семките од синап го забрзуваат метаболизмот, го чистат крвотокот и ја подобруваат циркулацијата.
Помага кај астма и ревматизам: Селенот и магнезиумот го намалуваат воспалението и ги ублажуваат симптомите на овие состојби.
Мускулна релаксација: Сенфот е одличен за ублажување на воспалението на мускулите по интензивен тренинг.

Дополнителни придобивки
Природен лек за несвестица: Семките од синап имаат силен мирис и лутина, што може да му помогне на лицето да ја врати свеста кога ќе му се стави лажичка со семчињата под носот.
Бања за опуштање: Додавањето сенф во топла вода помага кај уморни и отечени нозе.

Како да направите домашен сенф
За да ги искористите сите здравствени придобивки од сенфот, најдобро е да го подготвите дома. Потребните состојки вклучуваат семе од синап, сол, сок од лимон, млака вода и зачини по желба.

Изблендирајте ги сите состојки и префрлете го сенфот во тегличка.