Здрава верзија на чизкејк

Фото: Pexels
32

Чизкејкот е омилен колач за многумина, но дали сте го пробале овој рецепт за т.н. лажен чизкејк?

Постојат бројни верзии на вегански или лажен чизкејк, кој се прави со индиски ореви, кокосово млеко и масло наместо сирење, а може да се сервира со овошје по ваш избор.

Со оглед на тоа што сите состојки што се користат во тортата се јадливи без термичка обработка, не е потребно да се пече.

Најтешката задача е да почекате тортата да се олади и да биде подготвена за сервирање.

Состојки:

За основата:

200 грама меки урми без семки

120 грама ореви

За кремот:

250 грама индиски ореви

150 грама јаворов сируп или агава

150 мл кокосово млеко

80 мл растопено кокосово масло

1 лимон

Приготвување:

Смелете ги оревите додека не се претворат во прав. Потоа, ставете ги во блендер урмите и блендирајте додека не добиете паста. Ако немате меки урми, можете да користите и суви урми, само потопете ги во топла вода половина час пред да го правите колачот за да омекнат, а потоа исцедете ги.

Ставете ги оревите во блендерот и помешајте ги со пастата од урми додека не добиете компактна смеса. Ако вашата смеса е сува, додадете уште неколку урми. Ако е влажна, додадете повеќе мелени ореви.

Ставете ја смесата во плех за печење по ваш избор, а претходно обложете го со хартија за печење. Ставете во фрижидер да се олади додека не ја подготвите смесата.

Потопете ги индиските ореви во чиста вода ноќта пред да го правите колачот. Ако сте заборавиле, можете да ги потопите во топла вода и само еден час претходно.

Исцедете ја водата од индиските ореви и измешајте ги заедно со стопено кокосово масло, кокосово млеко, сок од еден лимон и јаворов сируп. Ако сакате мед, можете да го засладите колачот со него.

Прелијте ја смесата врз основата и декорирајте со овошје или парчиња сушен кокос по желба.

Ставете го чизкејкот во фрижидер четири до шест часа за да се стегне.