Како да знаете дали јагодите се навистина домашни?

Фото: Pexels
121

Кога купуваат јагоди многу луѓе се прашуваат: како да ги препознаат вистинските домашни јагоди и да ги избегнат оние увозните кои честопати немаат толку добар вкус или пак како да ги препознаат оние кои се третирани со пестициди?

Сезоната на јагоди е во тек, а ова омилено овошје многумина од нас со нетрпение го очекуваат цела година. Освен што се исклучително вкусни, јагодите се и вистинско богатство од хранливи материи. Тие се полни со витамин Ц, антиоксиданти и корисни хранливи материи.

Редовното консумирање јагоди може да го зајакне имунолошкиот систем, да го подобри здравјето на срцето, да ги намали нивоата на холестерол, да ги намали воспалителните процеси во телото и да го поттикне варењето.

Сепак, кога купуваат јагоди многу луѓе се прашуваат: како да ги препознаат вистинските домашни јагоди и да ги избегнат оние увозните кои честопати немаат толку добар вкус или пак како да ги препознаат оние кои се третирани со пестициди?

Важно е да се знае дека првите јагоди што се појавуваат на пазарите или на полиците во продавниците напролет најчесто се увезуваат – дури и ако продавачите тврдат дека се домашни. Вистинските локални јагоди зреат малку подоцна.

Постојат јасни разлики помеѓу домашните и увезените јагоди, но треба да знаете што да барате за да ги препознаете. Домашните јагоди најчесто имаат интензивна црвена боја по целата површина, силен и препознатлив мирис и внатрешност исполнета со ситни семчиња. Нивните петелки се светло зелени, а плодовите често се со неправилна форма – добар показател дека не се хемиски третирани.

Од друга страна, увезените јагоди генерално се со правилна, речиси совршена форма, но се бледо розови одвнатре и речиси без мирис. Ако пак внатрешноста е многу црвена, тоа може да биде знак дека плодовите се третирани со пестициди за да се зачува нивниот изглед и рокот на траење. Визуелниот впечаток и мирисот на јагодите често се доволни за да се препознае дали станува збор за вистински домашен производ.

Затоа, пред да купите, одвојте малку време: земете ја јагодата, помирисајте ја и ако имате можност, погледнете ја внатре. Вашиот нос и очите брзо ќе откријат дали држите нешто навистина домашно или само добро спакувана измама.