Австралиска фарма со рекорд за најголема боровинка во светот

Фото: „Коста груп“
57

Титулата претходно ја држеше бобинка од 16,2 грама одгледана во Западна Австралија. Се работи за нова сорта, развиена од „Коста груп“ за потребите на потрошувачите за поголеми бобинки.

Фарма кaj Коринди, Нов Јужен Велс, Австралија постави нов светски рекорд за најголема одгледана боровинка. Овошјето набрано во ноември и чувано во замрзнувач, е широко речиси четири центиметри, поточно 3,93 цм и тежи 20,4 грама, со што е повеќепати поголема од просечната боровинка.

Титулата претходно ја држеше бобинка од 16,2 грама одгледана во Западна Австралија. Се работи за нова сорта, развиена од „Коста груп“ за потребите на потрошувачите за поголеми бобинки. Стручњакот Бред Хокинг вели дека сортата „Етерна“ дава поголеми плодови, но не секаде.

„Овошјето очигледно беше со рекордна големина. Кога го набравме ова, веројатно имаше уште околу 20 други бобинки со слична големина што би го соборилe претходниот рекорд. Боровинките традиционално се јадат за појадок. Но, вкусот и цврстината се тука – навистина се убаво крцкави и имаат убав мирис“, изјавил Хокинг.

По 12 недели, бобинката е вклучена во Гинисовата книга на рекорди. Тимот научници одлучил да го зачува овој примерок и дека тој не е за јадење. Тој тврди дека бобинкиве, иако големи, не влијаат значително на вкусот на самото овошје.  

Додека тимот е возбуден што ќе биде препознаен со светскиот рекорд, квалитетот и вкусот остануваат главен приоритет во изборот и развојот на нови сорти преку ВИП програмата на Коста Груп.

„Ова е навистина прекрасно парче овошје. Иако овошјето е големо, нема апсолутно никаков компромис за квалитетот или вкусот, како што би се очекувало кога се развива врвна сорта боровинки“, рече Бред.