Без брашно, млеко и јајца: Рецепт за најлесната чоколадна торта од само 3 состојки (ВИДЕО)

Фото: Pexels
585

Чоколадната торта е омилен десерт во многу домаќинства. Но, дали знаевте дека можете да ја направите без класични состојки како брашно, млеко или јајца?

Пробајте едноставен рецепт за најлесната чоколадна торта без печење, која е направена од само три состојки – чоколадо, кокосово млеко и овесни снегулки.

Состојки:
375 мл кокосово млеко
220 гр овесни снегулки
170 гр темно чоколадо

Приготвување:
Чоколадото исечкајте го на ситни парчиња.
Загрејте го кокосовото млеко на шпорет.
Прелијте го сечканото чоколадо со кокосовото млеко и оставете го да стои околу две минути.
Мешајте додека да се растопи чоколадото и да добиете еднолична смеса.
Додадете ги овесните снегулки во чоколадната смеса и сè добро измешајте.
Префрлете ја смесата во калапот за торта.
Оставете ја тортата да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер на три до четири часа додека не се зацврсне.
Се сече на парчиња и се сервира.
Во видеото на The Cooking Foodie на YouTube, погледнете како да ја направите оваа торта со само три состојки.