Дали знаете што е бикла? Мешавина од вино и млеко за сила и енергија

Фото: ТЗ на градот Вргорац
421

Бикла се подготвува такашто провриено вино се меша со млеко. Притоа, важно е прво во садот да се стави виното, а потоа да се додаде млекото и полека да се меша во насока на стрелките на часовникот додека не се добие боја на циклама…

Во хрватскиот град Вргорац се наздравува со окрепувачки виолетов „коктел“ направен од младо црвено вино и козјо млеко. Тоа е вековна традиција која, велат, заслужува да се најде на листата на нематеријални културни добра на Хрватска.

„Традиционално во регионот на Вргорац бикла се прави по бербата на грозјето. Освен во Вргорац, постоење на сличен пијалак е забележано и во околината на Мосор и Биоково и на островите Брач, Хвар и Корчула. Додека на копното најмногу се користи името „бикла“, островите ги бележат и имињата „хмутица“, „хмунтица“, „млико и вино“, „муќкалица“, „смутица“ и „сумутва“, велат од Туристичката заедница на градот Вргорац.

Вргорчани велат дека пијат бикла од „памтивик“, а се подготвува со мешање на варено вино со млеко. Истовремено, важно е прво да се истури виното во садот, па да се додаде млекото и полека да се меша во насока на стрелките на часовникот додека не се добие бојата на циклама. Мешањето е многу важно за да се одржи мазна текстура. На седум делови младо црвено вино одат три дела козјо млеко.

Биклата во Вргорац денеска е најзачувана и негувана преку манифестацијата – Биклијада каде најпрво се меша шира со неварено козјо млеко.

Таквата бикла е слаба, па ја пијат и младите, а варењето на ширата и созревањето на виното ѝ дава на биклата посилни својства и вака се пие додека не заврши ферментацијата на виното.

Пијалакот со боја на циклама имал важно место во исхраната на јужните далматински острови и во далматинската Загора, особено во тешките животни услови кога неговите закрепнувачки својства биле важни за опстанок. Покрај тоа што ја враќа силата и дава енергија, се вели и дека е наводно, афродизијак.

Според легендата, бикла била донесена во Загора од островите Хвар и Брач, кои биле грчки колонии, а според кулинарското истражување на писателот и гастроном Вељко Барбиери, бикла пиеле старите Грци кога пред нападот на Троја се пиеле напиток од вино, млеко и крв“, велат во Туристичката асоцијација на град Вргорац.