Браќа, дојдете брзо, пијам ѕвезди! Влијанието на монасите врз развојот на виното, пивото и сирењето

Фото: Pexels
181

Еден од пионерите во „méthode champenoise“ или „традиционалниот метод“ за правење пенливо вино, бил бенедиктински монах чие име сега го краси еден од најдобрите шампањи во светот: Dom Perignon. Според легендата, кога ја пробал својата прва серија во 1715 година, Перињон ги повикал монасите: „Браќа, дојдете брзо. Пијам ѕвезди!“

Големо е влијанието на монасите врз развојот на регионалните производи од средниот век. Производството на вино, пиво и ликери потекнува од манастирите кои биле активни во Европа помеѓу 9 и 15 век. Во средновековна Франција имало речиси илјада манастири, а во Англија над 700.

Заради нивното производство, манастирите имале многу пари за време на нивниот процут (12 век). Издржувањето на монасите, грижата за болните или образованието, помагањето на сиромашните, пречекот на поклониците, хранењето на сите луѓе во институцијата барало манастир. Бидејќи донациите не биле доволни, манастирите одгледувале билки, одгледувале добиток и се труделе да создадат вишоци што ги продавале. Со текот на времето, манастирите развиле производи кои станале познати. Овие намирници станаа „регионални производи“ што ги знаеме денес. Некои од овие производи сè уште ги прават манастирите, но повеќето сега ги произведуваат компании кои не се поврзани со монасите.

Во секој манастир имало од дваесет до дури 400 монаси. Во тоа време, манастирите биле навистина центар на стабилност и исклучителни технички иновации. Монасите и монахињите биле сметани за интелектуална елита која знае да чита и пишува (невообичаено во средновековна Европа). Тоа била бесплатна и висококвалификувана работна сила на располагање на манастирот, со помош на многубројни братства, монахињи, селани и платени занаетчии. Иако времето резервирано за молитва било важно од религиозни причини, производството на манастирите често било поефикасно и затоа економски поисплатливо од работата на занаетчиите и селаните.

Сирење
Правењето сирење од кравјо, козјо или овчо млеко е многу стар процес. Галите и Германите произведувале и консумирале првенствено путер и ферментирано млеко. Затоа, има малку сирења во земјите со келтско потекло (Бретања, Ирска). Но, Римјаните, кои претпочитале маслиново масло наместо путер, правеле многу сирења од млечна урда. Ова веројатно објаснува зошто средновековните манастири, наследници на латинската култура, поседувајќи големи стада, развиле производство и продажба на квалитетни сирења, додека селските сирења најмногу се конзумирале на фармите.
Сирењето трапист или сирење во манастирски стил е полутврдо сирење од кравјо млеко со благ вкус и добри својства на топење, кое може да се исече и да се јаде со овошје или вино и да се користи во готвењето.
Едно од сирењата кое настанало во манастир е познатото Рокфор.

Вино
Манастирите кои се развиле помеѓу 9 и 13 век консумирале големо количество вино. За литургијата се користело вино, но се појавило и на менито на манастирот. Додека особено аскетските манастири го забранувале неговото консумирање, во средниот век виното било општо прифатено како дел од секојдневната исхрана. Виното се користело и за грижа за болните и постарите лица. Интересот за виното бил и економски, бидејќи се продавал вишокот вино.

Виното било измислено 6.000 години пред раѓањето на Христос, но монасите во голема мера го зачувале лозарството во Европа. Религиозните редови како што се Бенедиктинците и Језуитите станале стручни винари. Престанале само затоа што нивните земјишта биле конфискувани во 18 и 19 век од антикатоличките влади од Француската револуција и Втората светска војна.

Побожните луѓе не само што го зачувале производството на вино; тие исто така го подобриле. Еден од пионерите во „méthode champenoise“ или „традиционалниот метод“ за правење пенливо вино, бил бенедиктински монах чие име сега го краси еден од најдобрите шампањи во светот: Dom Perignon. Според легендата, кога ја пробал својата прва серија во 1715 година, Перињон ги повикал монасите: „Браќа, дојдете брзо. Пијам ѕвезди!“

Пиво
Монашките пивари биле вообичаени во средновековна северна Франција: пивото обично се произведувало за да го замени виното во региони каде лозата не можела добро да расте.

Но, од 15 век, многу манастири ги напуштиле своите пивари. Ова не е случај во Германија и Белгија, каде овие пива ѝ одолеале на индустриската конкуренција. Името на градот Минхен, германската престолнина на пивото, доаѓа од зборот монах! А свети Арнолд, фламанскиот игумен на бенедиктинската опатија од Оденбург, е светец-заштитник на пиварите. Легендата вели дека тој открил дека оние кои пијат пиво биле помалку болни од другите за време на епидемии.

Овошни ракии

Принципот на дестилација бил познат уште во антиката, но производството на алкохол започнало дури во средниот век. Во средниот век, правењето еликсири на живот или овошни ракии било должност на аптекарите и лекарите. Бидејќи овошната ракија (aqua vitae – вода на животот), како што кажува и нејзиното латинско име, била лек кој бил широко користен во арапско-персиската медицина, а потоа се раширил низ Медитеранот. Првите кои оставија пишувана трага за техниката на дестилирање на алкохол и овошни ракии во христијанска Европа се каталонскиот теолог и лекар Арналдус де Вила Нова и фрањевскиот монах кој подоцна стана кардинал Витал Дуфур. Дуфур, околу 1310 година, напишал медицинска книга пронајдена во библиотеката во Ватикан, која ги опишала доблестите на „запалената вода“ (aygardent) која подоцна ќе се нарече Армањак.

Легендата го припишува создавањето на виски на Свети Патрик и монасите кои ја евангелизирале Ирска, но првото историско споменување датира од 1494 година и доаѓа од Шкотска. Сепак, ирските монаси се чини дека биле одговорни за раното производство на виски и ја извезле својата стручност во континентална Европа.

Алкохол и здравје
Низ поголемиот дел од човечката историја, алкохолот бил клучен за подобрување на здравјето. Изворите на вода често биле контаминирани, па мали количини алкохол се мешале со водата за да ги убијат бактериите. Римските војници, на пример, ја добивале својата дневница во вино, за да ја прочистат водата кога се на поход. А двајца епископи се заслужни за спас на стотици од чумата затоа што го предупредиле припадниците на своите епископии наместо вода да пијат пиво. Од медицински причини биле измислени и виски, билни ликери и пелинковци (горчици).