Чери доматите се помала верзија на обичните домати. Често се сметаат за посочни, послатки и повкусни. Постојат многу начини на кои чери доматите може да се користат во секојдневното готвење
Чери доматите и обичните домати имаат слични нутритивни вредности, но во некои сегменти може
да се разликуваат. И едните и другите се исклучително хранливи и содржат витамини, минерали,
влакна и антиоксиданти кои се корисни за здравјето.
Црвените домати се во основата на речиси сите сосови. Многумина не знаат дека доматите се
всушност овошје, а не зеленчук. Постојат различни сорти и сите се за јадење. Една од нив, со понов
датум, е чери доматот.
Чери домати наспроти обични домати
Тие се помали од обичните домати и често се сметаат за послатки и повкусни. Имаат потенка лушпа
и најчесто се јадат цели. Доматите имаат помалку вода во споредба со чери доматите, кои се
покрцкави и посочни одвнатре. Поради сите споменати карактеристики, доматите најмногу се
користат како состојка за готвење, правење сосови и салати.
И двата вида домати се добар извор на витамин Ц, витамин А, витамин К, калиум и антиоксиданти
како ликопен и бета-каротен. Ликопенот е особено важен поради неговата способност да штити од
слободните радикали и има потенцијално позитивен ефект врз здравјето на срцето и го намалува
ризикот од одредени видови на болести.
Чери доматите се особено богати со витамини А и Ц. Според нутритивните информации на
Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA), порција од 100
грама чери домати содржи 500 IU витамин А и 9 грама витамин Ц. Истата порција обезбедува 22 kcal енергија и 4 грама јаглени хидрати.
Чери и обични домати во исхраната
Чери доматите имаат одличен вкус кога се печени и може да се додадат во пржени јајца или
лазања, па дури и во печен зеленчук. Може да се комбинираат со свежо овошје и зеленчук во
салати, но добри се и за пица. Лесно може да ги заменат обичните домати во многу јадења како
тестенини и доматно пире.
Важно е да вклучиме различни овошја и зеленчук во нашата исхрана за да имаме сеопфатни
нутритивни придобивки. Без разлика дали претпочитаме чери домати или обични домати, и двете
можат да бидат корисна и здрава опција во нашата исхрана.