Црна лимонада: Пијалак со кој ќе ги фасцинирате пријателите и ќе го исчистите организмот

Фото; Пинтерест
1.335

Црната лимонада со активен јаглен е одличен напиток по главниот оброк во денот или како поттик за метаболизмот навечер. Го чисти телото од токсини, а помага и да се ослободите од маснотиите, особено оние кои се собираат околу стомакот.

Aко мислевте дека трендот на црна храна кој опфаќаше бургери, тесто за пици, црн сладолед, црна лимонада и многу други намирници темни како ноќ, се уште тука во голема мера и веројатно нема да одат никаде во блиска иднина. Тајната на тие вкусни темни задоволства обично се сведува на додавање на активен јаглен кој им дава неверојатно темна боја. Кога станува збор за црна лимонада, тоа е сигурен начин да ги воодушевите пријателите и да ја зачините забавата дури и ако немате алкохол. Освен тоа, треба да знаете дека освен поради тоа што изгледа толку добро, црната лимонада ќе направи чуда и за вашиот организам. Таа е одличен напиток по главниот оброк во денот или како поттик за метаболизмот навечер. Го чисти телото од токсини, а помага и да се ослободите од маснотиите, особено оние кои се собираат околу стомакот.

Еве како да ја направите:

Состојки:

4 шолји филтрирана вода

1/4 шолја свежо исцеден сок од лимон (или повеќе или помалку, по ваш вкус)

Стевија по желба (на 4 шолји вода можете да ставите околу 15 капки)

1/4 лажичка (или една здробена таблета) активен јаглен

Приготвување: 

Помешајте ги сите состојки додека не го добиете саканиот вкус. Послужете со коцка мраз.

Медицинскиот јаглен (Carbo medicinalis) често се применува кај инфективен пролив. Не е препорачливо да се зема подолго време, но кога се применува во краток временски период е целосно безбеден.