Дали имате дијабетес, чир на желудникот или бронхитис? Испробајте лист од смоква!

Фото: Freepik
393

Доколку досега сте уживале само во благодетите на сочните и слатки плодови на смоквата, ви предлагаме да ги искористите и лековитите својства на нејзините листови. Освен што од нив можете да направите чај, можете и да ги џвакате листовите, што е одлично за чир на желудникот. Со листовите од смоква можете да направите и сармички

Дали страдате од дијабетес? Дали имате чир на желудникот или бронхитис? Страдате од висок крвен притисок? Подгответе чај од лист од смоква!

Доколку досега сте уживале само во благодетите на сочните и слатки плодови на смоквата, ви предлагаме да ги искористите и лековитите својства на нејзините листови. Освен што од нив можете да направите чај, можете и да ги џвакате листовите, што е одлично за чир на желудникот.

Хранливи својства и придобивки
Листовите од смоква се богати со антиоксиданти и растителни влакна. Меѓу другото, содржат витамини А, Б1 и Б2 и минералите калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Иако плодовите не се препорачуваат за дијабетичари поради високото ниво на шеќер, листовите од смоква се многу здрави и корисни за оваа група луѓе бидејќи помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.

Добрата вест е дека со пиење чај можете дури и да спречите дијабетес бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин.

Листовите од смокви се особено препорачливи за проблеми со уринарниот и дигестивниот тракт. Нивното консумирање помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, а со тоа обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови.

Иако одредено ниво на триглицериди е неопходно за добро здравје, вишокот триглицериди во телото значително го зголемува ризикот од дебелина и срцеви заболувања.

Смоквиниот лист е тој што помага во нивното спуштање и регулирање.

Придобивки од листовите од смоква:
го регулира нивото на шеќер во крвта
помага за слабеење
го стабилизира крвниот притисок
ги намалува триглицеридите
ги зајакнува коските
помага при кожни болести
помага при анемија
ги ублажува тегобите од чир на желудникот
спречува запек
го подобрува здравјето на срцето и крвните садови
помага кај афти
Можете да користите листови од зелени и црни смокви бидејќи се подеднакво лековити.

Сушење на листовите
Кон крајот на пролетта, летото или есента, откинете здрави и цели смокви од дрвото и распоредете ги на површината каде што ќе ги исушите. Можете и да ги врзете и во сноп и да ги закачите на повисоко место.

Ќе знаете дека листовите се суви по тоа што тие ќе се збрчкаат и ќе се ронат под вашите прсти кога ќе ги стиснете. Кога ќе се исушат, издробете ги и чувајте ги во тегла со капак.

Чај од смоквин лист
За здравствени цели, се препорачува секој ден да се пие чај од смоквин лист околу еден месец, а потоа да се направи пауза од неколку недели, така што повторното консумирање го има истото силно лековито дејство.

Помош за дијабетес
Прелијте 2 лажички суви листови смоква со 200 мл врела вода. Покријте и оставете го да отстои 10-15 минути. Потоа процедете.

Пијте по една шолја од овој чај секое утро со појадок.

Помош при чир на желудникот и афти во усната шуплина
Секој ден добро изџвакајте по 2 понежни листови смоква и голтнете ги. Освен што ќе ви помогне при чир, ќе ви го освежи здивот и ќе ги ублажи непријатните ранички во устата.

Помош при бронхитис
Сварете 3 листови смоква во вода со малку кафеав шеќер и испијте.

Освен за дијабетес, чиреви, рани и бронхитис, чајот се препорачува и за подобро здравје на срцето, намалување на крвниот притисок и како помош во лекувањето на рак и анемија.

Кулинарски идеи
Постојат записи дека нашите претци уште во 3 век п.н.е. ја виткале својата храна во смоквини листови.

Можете со смоквините листови да направите и сармички. Смоквиниот лист сварете го во малку посолена вода (околу 15 минути), а потоа употребете го како обвивка која ќе ја наполните со ориз, зеленчук, печурки итн.

Можете да додадете лист смоква во чорбата од зеленчук и да го извадите непосредно пред крајот на готвењето или динстањето. На овој начин ќе внесете допир на Медитеранот на вашата трпеза.