Колачот со кефир и сливи е десерт чија подготовка трае само 15 минути

Фото: Pixabay
680

Овој оригинален десерт својата уникатност му ја должи на кефирот

Наместо јогурт или млеко, употребете кефир. Иако кефирот како и јогуртот содржи млечни ферменти и пробиотици, ќе му даде на колачот сосема поинаков вкус и оригиналност.

Состојки:

250 гр сливи
315 гр брашно
3 лажички прашок за пециво
90 гр кафеав шеќер (+ 2 лажици за крај)
60 гр путер стопен на собна температура
250 гр кефир
2 јајца
морско оревче по вкус
рендана кора од 1/2 лимон

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°. Во сад просејте го брашното заедно со прашокот за пециво.

Додадете малку морско оревче, изрендано по вкус.

Во друг сад изматете ги јајцата и кафеавиот шеќер со миксер.

Измешајте ги кефирот, растопениот путер на собна температура и ренданата кора од лимон, па додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте го тестото со лажица да се изедначи.

Сè ставете во калап со дијаметар од 22 цм, претходно премачкан со путер и поросен со брашно и внимателно израмнете го.

Сливите исечкајте ги на коцки и распоредете ги по површината на тестото.

Поросете ги со преостанатите 2 лажици шеќер и печете околу 30-35 минути.

Оставете да се излади на решетката, а потоа префрлете го колачот на чинија и послужете.