Со оглед на тоа што го завршивме само првиот дел од јадењето и дека за неколку дена не очекува слично сценарио, со вас споделуваме неколку едноставни домашни лекови кои ќе ве спасат од последиците.
Болка во желудникот, како и чувство дека ќе пукнете, се вообичаени теми на првиот работен ден по празниците. Со оглед на тоа што го завршивме само првиот дел од јадењето и дека за неколку дена не очекува слично сценарио, со вас споделуваме неколку едноставни домашни лекови кои ќе ве спасат.
Тежината во желудникот е предизвикана од комбинација на пребрзо, премногу често и претерано јадење, особено тешка, слатка и зачинета храна најчесто во комбинација со долго седење. Најдовме еден куп добри совети како да се ослободите од тежината во желудникот, а особено ни се допаѓаат затоа што станува збор за едноставни домашни препарати со природни состојки кои веќе ги имате дома.
Јаболков оцет и сода бикарбона
Оцетот го зголемува чувството на ситост и помага во нормалното функционирање на варењето, па затоа е честа состојка во домашните лекови за дигестивни проблеми. Сода бикарбоната е многу ефикасна за киселини, па кога ќе ги споите овие две состојки, добивате вистински еликсир – 2 во 1. Пијалакот се пие после оброк.
Рецепт: Во малку повеќе од половина чаша вода ставете половина лажичка сода бикарбона и една лажичка јаболков оцет. Добро измешајте и испијте веднаш. Напитокот можете да го засладите со малку мед за подобар вкус.
Лимонада со куркума
Свежиот сок од лимон благотворно ќе влијае на вашиот желудник стомак, а каенскиот пипер и куркумата ќе го поттикнат црниот дроб да го исчисти вашиот систем, па овој напиток добро ќе им дојде на сите кои страдаат од киселини, болки во желудникот или надуеност. Послужете го овој напиток после оброк.
Рецепт: Во чаша топла вода со сок од лимон додадете прстофат какаенски пипер и прстофат куркума, измешајте и испијте.
Чај од анасон
Семките од анасон носат моментално ослободување при мачнини и грчеви во желудникот, а доколку не сакате да ги џвакате, лесно можете да направите чај. Пијте го три пати на ден, половина час пред јадење.
Рецепт: Додадете една лажичка семе од анасон во чаша зовриена топла вода. Покријте и оставете 8 до 10 минути, а потоа процедете.
Аперитив од ѓумбир
Чудесниот корен од ѓумбир е еден од најефикасните домашни лекови, меѓу другото, и за стомачни заболувања. Го стимулира метаболизмот и детоксикацијата на телото. Овој силен ајурведски аперитив најдобро е да се пие пред оброк.
Рецепт: Исцедете сок од свеж корен од ѓумбир во соковник (количината приспособете ја според вашите потреби). Измешајте го сокот од ѓумбир со мед во еднакви размери. По желба додадете прстофат црн пипер.
Пијалак од ориз
Се смета дека течноста од ориз е еден од најдобрите домашни лекови за стомачни заболувања, а исто така го прочистува телото. Сигурно некогаш во животот сте наишле на овој ефикасен, иако и малку безвкусен „лек“. Топлиот напиток пијте го малку по малку во текот на денот.
Рецепт: Сварете го оризот, тргнете го тенџерето од оган, покријте го и оставете го да отстои 3 до 5 минути. Процедете ја водата во термос и пијте малку по малку.