Дали сте љубители на рибните стапчиња? По видеото во кое се гледа како се прават суримите, ќе ги заборавите засекогаш (ВИДЕО)

Фото: Pixabay
352

Луѓето разоткрија што има во популарната морска храна што се продава и кај нас, а на многумина нема да им биде добро од ова видео

Луѓето кои јадат стапчиња од ракчиња во голем број се откажуваат од ова популарно јадење, а можеби тоа ќе се слуќи и со вас кога ќе дознаете од што се направени.

Има една изрека – сите сакаат да јадат колбаси, но никој не сака да знае како се направени. Тоа е затоа што процесот не е баш најпријатното нешто на светот, бидејќи вклучува мелење на месо, не мала количина крв, па дури и некои изнутрици. Сепак, без оглед на сѐ, тоа не спречува многу луѓе да се препуштат на овој специјалитет.

Стапчињата од рак што ги купувате во продавница се уште една омилена храна за која можеби ќе сакате да ја прескокнете лекцијата за тоа како од морето доаѓа до вашата чинија.

Едно видео кое неодамна стана вирално ја отвора вратата за тоа како се прават стапчиња од рак, а штом ќе видите што има зад таа врата, не можете да го заборавите.

Сè започнува со многу малку месо. И само замрзнато месо од риба, кое нема врска со месо од рак. Тоа месо потоа се става во миксер, каде што се гмечи, потоа се меша со други состојки како белки и пченица, кои потоа – погодувате – повторно се мешаат. Ова создава супстанца слична на паста која нејасно наликува на градежен кит или глина.

Веќе го изгубивте апетитот? Следниот чекор е да таа смеса да се внесе во машина која создава само една долга лента од месен материјал, кој потоа се витка заедно – исплетена како јаже – за да се создаде текстура на месо од рак или јастог. Некои од тие работи потоа се продаваат како сурими или замена за месо од ракови, пред другите парчиња да се завиткаат во портокалова фолија што може да ги поврзете со рак или јастог и потоа да се продаваат како стапчиња од рак.

Да се ​​разбереме, ова месо не е нешто скапо за почеток, така што целиот овој процес, ако размислиме малку повеќе, не е изненадувачки. Но, секако се рекламира поинаку, како нешто исклучително здраво. Многу луѓе, откако го виделе ова видео си ветиле дека никогаш повеќе нема да им пријдат на овие лажни ракови. Од друга страна, оние помалку гадливите дефинитивно решиле дека вкусот е поважен од сѐ друго и дека ќе продолжат да ја консумираат оваа храна.