Најгуглано јадење во 2023 година: Хит што се прави од она што ќе го најдете во фрижидерот

Фото: Pexels
442

Корејското јадење од ориз со месо и сос било најгугланото јадење во 2003 година, а се пребарувале и шпанските сардини, индонезиската каша…

Google Trends објави листа на најпребарувани намирници во 2023 година, а првото место го зазеде корејскиот класик: бибимбап, кој комбинира варен ориз со зеленчук, месо, јајца и лута паста од чили.

На Гугл се барал и еспето, специјалитет од југот на Шпанија: сардини на стапчиња кои се печат на скара. На трето место е папеда, леплива индонезиска каша која често се јаде со супа од риба. Четврто на листата на најгуглани е scooped bagel, односно печиво на кое му се отстранува меката внатрешност. Ако се прашувате зошто некој би му го направил ова на печивото, причината би можела да биде тоа што избегнува јаглехидрати или едноставно ја претпочита кората од мекиот дел од лебот. На петтото место е популарната pasta e fagioli, или паста фажол, односно густа супа која во чинијата комбинира тестенини и грав.

Ако сакате да се обидете да го подготвите најгугланото јадење, бибимбап од почетокот на текстов, тоа дозволува многу варијации, но вообичаените состојки се моркови, краставица, спанаќ, никулци од грав и печурки. Месото што најчесто се користи е пилешко, било варено или печено или мелено говедско, а оние кои избегнуваат месо го избираат тофуто како главен извор на протеини.

За сосот, листата на состојки вклучува гочујанг (корејска паста од чили пиперка), масло од сусам, шеќер, оцет и мелено лукче. Сепак, бибимбап често служи и како „чистач“ на фрижидерот, односно идеално јадење кога треба да го потрошите вишокот зеленчук, па слободно користете ги состојките според вашата инспирација.

Состојки за бибимбап:

100 гр мелено говедско месо
1 лажица соја сос
1 лажица масло од сусам
1 лажичка кафеав шеќер
1/4 лажичка сечкан лук
Сос:

2 лажици гочујанг
1 лажица масло од сусам
1 лажица шеќер
1 лажица вода
1 лажица потпечен сусам
1 лажичка оцет
1 лажичка мелен лук
Друго:

100 гр шитаке печурки
120 гр моркови
300 гр млад спанаќ
150 г никулци од мунго грав
3 шолјички варен ориз
3 јајца

Приготвување:
Меленото говедско месо измешајте го со состојките и оставете го да се маринира половина час. Потоа пропржете го во вок со малку масло, 3 до 5 минути на силен оган.
Извадете го месото во чинија, додадете малку масло и сол и пржете ги морковите исечени на стапчиња 2 до 3 минути. Извадете ги и нив во чинија.
Додадете ги исчистените шитаке исечени на кришки во вокот и пржете 2 до 3 минути. Извадете ги, истурете малку масло во вокот и додадете спанаќ, сол и кратко пропржете. Кратко пропржете ги и никулците од грав.
Измешајте ги состојките за сосот.
Исржете ги јајцата на око.
Распоредете го оризот во три чинии и додадете ги месото, зеленчукот, сосот и јајцето.