Домашни орасници со вкус на падобранци

260

Нашата читателка Марина ги направила орасниците по рецепт кој го нашла на Инстаграм, со неколку измени кои ни ги објасни подолу во текстот

Нашата читателка Марина која се обидува да се храни поздраво, вели дека овие орасници се одлична идеја за малку поздрав десерт. Особено, затоа што вкусот потсетува на нејзините омилени падобранци.

Оригиналниот рецепт е подолу, а нејзините орасници, бидејќи немала доволно ореви за да ги направи баш така, ги направила со помала доза, па наместо по 300 грама мелени и сечкани ореви, употребила 200 грама мелени и 200 г сечкани ореви. Од последниве, оставила 100 грама за валкање.

Вели дека биле превкусни.

Состојки:

300 г мелени ореви

300 г сечкани ореви

4 белки (ако се јајцата големи, може и 3)

150 г мед или јаворов сируп (препорачуваме мед)

Приготвување:

Изматете ги белките, а потоа полека додавајте го медот (ако е здрвен, ќе треба малку да го загреете) постојано матејќи.

Додадете ги во оваа смеса мелените ореви и пола од сечканите.

Земете преполна лажица од смесата, формирајте топче, извалкајте го во сечканите ореви и формирајте потковица.

Наредете ги сите врз хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 150 степени. Печете околу половина час, зголемете на 180 и печете ги уште само 5 минути.