Домашно лепче со многу, многу семки

996

Кога ќе ставите се што ќе ви текне, обично не можете да го повторите уште еднаш. Ќе се обидеме да го комплетираме рецептот за да остане за следниот пат

Ако сакате да се храните здраво, а не можете без лепче, правете си некоја здрава варијанта дома, па помалку ќе ве гризе совеста кога ќе се прејадете.

Во „Арт кујна“ често експериментираме со вкусовите и постојано годаваме и менуваме во постојните рецепти, па се случува да не можеме да повториме нешто што ни излегло баш добро, затоа што не сме го правеле по рецепт.

Затоа, ќе се обидеме да го комплетираме рецептот за ова успешно домашно лепче со многу, многу семки, па ќе остане запаметено за следниот пат.

Состојки:

500 г интегрален леб

100 г ленено брашно (смелете 100 г ленено семе)

1 лажица сув квасец

1 лажица мед

1 лажиче сол

400 мл топла вода

3 лажици маслиново масло плус 1

150 г кратко смелени семки од сончоглед и тиква

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки со тоа што водата ќе ја додавате полека. Можеби ќе ви биде доволна и помала количина, но тестото не се меси, такашто во секој случај ќе биде лепливо.

Тестото се меша со силиконска шпатула и се става онаа една лажица масло за да не се лепи за садот.

Се покрива со крпа и се остава да стасува 1 час.

Потоа се предиплува во садот со помош на шпатулата и се префрла во намастен и набрашнет калап за леб. Се остава уште половина час за повторно да нарасне.

Се пече во загреана рерна на 200 степени прво 30 минути, па се намалува на 180 и се допекува уште 10 минути, но се зависи и од јачината на вашата рерна.

Кога е готов се покрива со крпата за да се излади и да омекне.