Еден чај, 50 болести: Пијте по една шолја секое утро за витко и здраво тело! (РЕЦЕПТ)

Фото: Pixabay
575

Ако наместо кафе или пред или после кафето, секое утро го пиете овој неверојатен чај, ќе имате навистина многу придобивки за вашето здравје.

Овој неверојатен чај кој лекува над 50 болести се состои од пет состојки и тоа, куркума, ѓумбир, цимет, кардамом и мед! Поволно влијае на целото тело!

Куркума
Лековитите својства на куркумата во моментов се доста популарни.

Куркуминот го намалува воспалението, се бори против ракот и помага во одржување на здравјето на срцето.

Ѓумбир
Ѓумбирот ја ублажува мигрената, има антивоспалителни својства и помага во борбата против ракот.

Цимет
Овој зачин го намалува и го регулира шеќерот, лечи вирусни инфекции како настинка, грип и кашлица.

Кардамон
Ако сакате да спречите згрутчување на крвта, користете кардамон.

Овој зачин го одржува здравјето на крвните садови, ја подобрува циркулацијата на крвта и ги чисти бубрезите.

Мед
Медот се нарекува и најздрава храна на планетата.

На чајот му дава пријатен вкус и е извор на енергија за организмот, а го зајакнува имунитетот.

Состојки:

половина лажица ѓумбир
половина лажица цимет
1/6 лажица куркума
прстофат кардамом
500 мл вода
1 лажица мед.

Приготвување:

Земете 500 мл вода и ставете ја на тивок оган. Кога водата ќе почне да врие, додадете ѓумбир и цимет. Потоа додадете куркума, кардамон и измешајте.

Сето тоа нека се вари околу 5 до 10 минути. Оставете да се излади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.

Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и витки.